• Latest

(23:00) Вонредна состојба ден 81: Најголем дел од новозаболените се од семејни собири, предлог за полициски час од 22 часот, апел да се почитуваат мерките…

June 8, 2020

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба ден 81: Најголем дел од новозаболените се од семејни собири, предлог за полициски час од 22 часот, апел да се почитуваат мерките…

June 8, 2020 22:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕСТИРАЊА „Во изминатите денови се направи тестирање на контактите на веќе дијагностицираните, екипите на ИЈЗ беа на терен, таквото тестирање е рана дијагностика за рана изолација за оние кои се носители на вирусот. Најголем дел од заболените се заразени на семејни собири. Полицискиот час викендов дозволи полесен пристап за тестирање, и покрај отпорот сега имаме подобра соработка, полесен пристап за тестирање, апелирам граѓаните да соработуваат. Голем дел се со лесна клиничка слика или асимптоматски, околу 65% од активните поврзани се со познат случај, слична е состојбата и во друите критични места“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

КАПАЦИТЕТ „Јас никогаш на прес-конференцијата на 26 мај не сум прогласил победа врз КОВИД-19. Победа се прогласува кога ќе заврши целава работа можеби догодина или кога ќе имаме вакцина. Тоа е победата. Јас само прогласив дека имаме намален број, 5,1% позитивни од вкупниот број на тестирани, дека имаме број на слободни места во болниците. Ја имаме целата болница во Тетово, клиничка болница во Штип и Битола кои можат да се претворат во резервни капацитети за сместување. Ако ви текнува зборував за 1.000 кревети кои можат да бидат ставени во резерва“, одговори на новинарско прашање претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

СЛУЧАИ – СКОПЈЕ Во Скопје во моментов активни се 659 случаи на коронавирус, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

Тој рече дека најголем број активни случаи има во Општина Чаир – 169, во Бутел – 63, во Гази Баба – 61, во Аеродром – 57, во Сарај – 56, во Карпош – 45, во Кисела Вода – 35, во Арачиново – 23, во Студеничани – 19, во Илинден – 18, во Ѓорче Петров – 20, во Шуто Оризари – 17, во Петровец – 6, во Чучер Сандево – 3, во Сопиште – 2, а во Општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран.

Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во Центарот за јавно здравје – Скопје се позитивни на КОВИД-19, истакна директорот на ЦЈЗ Арбен Зибери на прес-конференција попладнево.

ПРЕДЛОГ „На прашањето ако се воведе полициски час кога би требало да се воведе имавме неколку размисли. Прво, одредени економски субјекти работат во тој период, кога ние сакаме да го направиме полицискиот час, што е наш предлог, драфт документ, второ дали ќе се спречи на тој начин ширењето на инфекцијата? Ако мене ме прашувате, како доктор Караџовски верувам не, меѓутоа нема да дозволиме народ после 22 часот да се групира во парк, населено место, клупи и да имаат близок респираторен контакт. Дали мерката ќе се почитува во 19 часот, 18 или 22 часот за мене е исто, битно е да се почитува“, одговор Караџовски на новинарско прашање.

СОРАБОТКА Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека медиумите во целиот овој процес на спречување на ширење на коронавирусот и биле партнери на Владата, а за реакциите дека одговорите на некои прашања денеска биле со нетрпеливост, рече дека намерата негова или на д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести или на д-р Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје не била со некаква намера или тенденција.

СЕДНИЦА Владата денеска на седница донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот.

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули, а скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Print Friendly, PDF & Email
Share68Tweet42Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ