• Latest

Додека надлежните ги затвораат очите, граѓанските организации со осуда на говорот на омраза

June 10, 2020

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026

Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

May 26, 2026

Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

May 26, 2026

Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026

Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

May 25, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

    Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Додека надлежните ги затвораат очите, граѓанските организации со осуда на говорот на омраза

June 10, 2020 12:59
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Феноменот на говор на омраза последниве денови е повторно во фокусот на јавноста во Северна Македонија, а неговата употреба се зголеми со почетокот на пандемијата со коронавирусот, пишува Порталб.мк. Со зголемувањето на бројот на заболени од ковид-19, пропагандната машинерија, чиј дел се и бројни влијателни медиуми со делумна унгарска сопственост, деновиве со голем интензитет ги обвинува муслиманите, особено Албанците и Ромите, како главни носители на коронавирусот и виновници за засилување на епидемијата.

Сепак, остри реакции ја преплавија јавноста кога на говорот на омраза во врска со ситуацијата се приклучи и членот на Македонската академија на науки и уметности, професорката Катица Ќулавкова. Нејзиниот твит во кој вели дека „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, беше критикуван во јавноста и беше оценет како поттик за нетолеранција меѓу етничките заедници.

Невладините организации, осудувајќи го овој чин на Ќулавкова, велат дека  за зголемување на говорот на омраза придонесува и фактот дека сме во предизборен период.

Хелсиншкиот комитет преку соопштение посочи дека тензиите предизвикани од рестриктивните мерки постепено се префрлаат во областа на национализмот. Во оваа ситуација, според нив, придонеле многу фактори: молчењето на институциите пред волјата на верските власти кои постапија спротивно на сите препораки за заштита на јавното здравство, функционирање на државата со техничка влада, селективното покривање од страна на медиумите и масовното присуство на дезинформации и поттикнување говор на омраза по етничка основа од страна на јавни личности.

Истовремено, Хелсиншкиот комитет поднесе пријава против академик Ќулавкова.

„Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе пријава против академик Катица Ќулавкова за нејзината изјава на социјалните мрежи, со која поттикнува нетолеранција меѓу етничките заедници. Нејзиниот твит „Цената на соживотот ја плаќаме со живот“ имплицира дека причина за ширењето на вирусот се меѓуетнички односи а не општо распространетото непочитување на мерките. Имајќи предвид дека во земјата доминира говорот на омраза токму на етничка основа, ширењето и поттикнувањето на таквиот говор има посебна тежина, затоа што води кон злосторства од омраза, односно кон распламтување на националистичките страсти. А тие по дефиниција се разорни за ранливото социјално ткиво и имаат потенцијал за да ја нарушат националната безбедност. Особено е опасно кога таквиот говор го применуваат интелектуалци, политичари, новинари и други личности со поголемо општествено влијание“, пишува Хелсиншкиот комитет.

Во меѓувреме, Џабир Дерала од Цивил, вели дека ова не е првпат Ќулавкова да ги изрази своите националистички ставови.

„Не е прв пат да ја видиме академик Ќулавкова во вакво светло. Сепак, со оглед на предизборниот период, со оглед дека и социјалната и политичката состојба, како и состојбата на јавното здравје, како теми се искличително доминантни во овој период, нејзиното учество во социјалните мрежи со вакви пораки упатува на тоа дека Ќулавкова, покрај тоа што е националистка, таа е вклучена и во политиката. Доказ за тоа е дека избира многу деликатен социо-политички момент во земјата за да ги обнови своите националистички пораки во јавноста“, изјави Дерала.

Според директорот на Метаморфозис, Бардил Јашари, и покрај тоа што говорот на омраза се користи дури и од јавни личности и истиот се дистрибуира во непрофесионални медиуми, за жал, сите влади досега во Македонија ги затвораа очите пред ширењето на говорот на омраза, иако според закон тоа е кривично дело.

„Никој не се зафати систематски со овој сериозен проблем и не се обиде да ги спречи изворите и причините за употреба на говор на омраза. Ова започнува на училиште и дома. Со неколку исклучоци, никој не е казнет за употреба на говор на омраза и ова дополнително ги охрабрува оние што користат и промовираат говор на омраза да продолжат да го прават ова без страв дека ќе бидат казнети. Ситуацијата се влошува кога гледаме како јавни личности, политичари, академици и други користат говор на омраза и потоа се шири од неодговорни и непрофесионални медиуми. Лош и срамен пример што потоа го следат граѓаните и со тоа започнува спиралата на говор на омраза која може да ескалира во насилство. Значи, првиот чекор за избегнување на говорот на омраза е системот на образование и семејното образование, а потоа останува надлежните институции да ја завршат својата работа и да ги казнат корисниците на говор на омраза и поттикнувачи на насилство “, вели Јашари.

Снимка на екранот од избришаниот твит на академик Катица Ќулавкова, членка на МАНУ.

Ќулавкова на 6 јуни на нејзиниот Твитер профил објави твит со текст „цената на соживотот ја плаќаме со животот“, во согласност со нарацијата што ја шират националистичките и шовинистичките кругови во Северна Македонија, според кои виновни за ширењето на болеста ковид-19 се заедници кои не се етнички Македонци и христијани. Сепак, по бројните реакции во јавното мислење, Ќулавкова подоцна го избриша овој твит и веднаш потоа објави: „Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката состојба во Македонија“.

На ваквиот став реагираше членот на МАНУ, Абдулменаф Беџети, кој ставовите на неговата колешка ги оцени како расистички, додавајќи дека тие не ги претставуваат институционалните погледи на академијата.

„Се надевам дека нашите сограѓани ќе се дистанцираат од нејзините изјави со патолошка омраза кон сограѓаните, сметајќи ги за дежурни виновници за вакви планетарни проблеми како што е случајот со пандемијата ковид-19! Инаку, таа не може и не ја претставува институционалната гледна точка на МАНУ поради што во обид да биде избрана за потпретседателка двапати по ред, пред 6 месеци, не успеа да ја добие поддршката макар и на 1/3 од членовите/гласовите! За среќа, таа останува осамен глас и можеби на многу мала група академици, со надеж дека ќе замине во „друг свет“ со епитетот на фолк патриот! Ова не ја ослободува Институцијата на Академијата и не нé амнестира нас членовите за толерирање на овој расистички феномен“, напиша Беџети на Фејсбук.

Во меѓувреме, Македонската академија на науките и уметностите сè уште не се дистанцираше од оваа позиција на професорката Ќулавкова.

Потсетуваме дека од февруари 2014 г. во Северна Македонија стапија во сила новите законски одредби со кои се забранува и се казнува говорот на омраза и ширењето преку интернет материјали кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство против било кого или група, врз која било основа на дискриминација.

Според статистиката објавена на веб-страницата govornaomraza.mk,   во периодот од 05 до 27 мај годинава, регистрирани се 846 пријави на говор на омраза, од кои 418 се врз етничка основа.

Сепак, од кога се влезени во сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говорот на омраза, односно од февруари 2014 г., бројот на казни е многу низок, споредено со пријавите во дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза”.

Полицијата бавно го истражува говорот на омраза, додека судството не пресудува, со оглед на големиот број пријави што се направени само на дигиталната граѓанска платформа за пријавување на говор на омраза.

Покрај тоа, во Македонија, особено за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, според анализата на Порталб.мк, говорот на омраза бил прилично изразен и имало еклатантни примери кога одредени лица и групи биле јавно изложени на овој феномен казнив според закон, но истиот не е гонет и казнет од органите за спроведување на законот.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ