• Latest

Зошто не е опасно да се гласа на 5 јули?

June 11, 2020

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Зошто не е опасно да се гласа на 5 јули?

Сѐ е спремно за судбоносниот ден на изборите, за граѓанската одлука да изберат меѓу две силно спротивставени концепции за македонската иднина. Сега, останува да видиме колку ќе биде безбедно да се гласа во услови на пандемија. Лесно прашање.

June 11, 2020 17:14
in ИЗБОРИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Како што стојат работите, одлични ни се шансите да избегнеме политичка криза со драматични размери. Сепак, сѐ упатува на тоа дека избори ќе има – на 5 јули. Поместувањата на датумот може да бидат микроскопски, иако непотребни. Тоа ќе нѐ поштеди од политичко цунами со несогледливи последици.

Дека ќе има избори на 5 јули е јасно како ден. Може да се види и на терен и на интернет. Политичките партии од целата македонска политичка палета веќе водат политичка кампања. Иако се заканува со бојкот, и партијата на Мицкоски води силна и далеку од евтина кампања. Партиските ќелии работат со полна пареа, а социјалните мрежи и интернет медиумите веќе одамна ги вкрстија своите мечеви во изборен контекст.

Иако немаат пари, кутрите, ВМРО-ДПМНЕ „штанцаат“ онлајн содржини, сосе видео спотови небаре се филмска продукција. Не штедат ниту за продукција, ниту за рекламирање на социјалните мрежи.

Пропагандните тимови на партиите, па и трол фабриките во виртуелниот, а активистите и функционерите се на терен, делат маски (и такви со сонцето од Кутлеш) и политички пораки во неизмерни количини. Значи, сѐ е спремно за судбоносниот ден на изборите, за граѓанската одлука да изберат меѓу две силно спротивставени концепции за македонската иднина.

Сега, останува да видиме колку ќе биде безбедно да се гласа во услови на пандемија. И тоа е лесно прашање, како што ви напишав вчера.

Прво и основно, без оглед на тоа дали и колку некој мисли дека коронавирусот постои или не постои (има многу такви, да се чуди човек), основно за секого е да биде воспитан од мама и тато и да мие раце и да одржува хигиена редовно. Така е воспитан и Мицкоски, како што се уверивме од една од неговите бескрајните ТВ беседи.

Покрај домашното воспитување поврзано со личната хигиена, потребно е да се носи маска (чиста по можност) и да се одржува растојание меѓу луѓето. Ако ептен мора да се допираме, тоа не мора да биде со лигавење и гушкање, туку со врвот на чевлите или со лактите. Со тоа спасуваме живот, свој и на другите. Да не заборавам: Извичник. И дајте, бидете умерени оптимисти, а не разочарани песимисти, како што е и Мицкоски (интервју, Кировски, ТВ Телма, 14 мај). Извичник.

Што се однесува до денот на гласањето… Како и секој, најобичен ден, пресудно е строгото придржување кон протоколите од сите што учествуваат во изборниот процес – гласачи, политички партии, изборна администрација, набљудувачи и медиуми. Не е лесно, ако сме невоспитани и размноземци, ама со свест и совест се постигнува целта – да го продолжиме животот – и својот и на државата.

Голема е одговорноста на граѓанките и граѓаните во пресрет на изборите среде околности како што е кризата со коронавирусот. „Опасноста“ од гласање под изговор дека може да се заразат од коронавирусот, не е помала од реалната опасност по демократијата и функционирањето на институциите.

Наивно и штетно е да се каже дека ризикот од одење во продавница е неопходен, поради животните потреби на луѓето, како леб и млеко, како што знаат разните рамноземни душегрижници да кажат. За нив, далечна идеја е неопходната потреба на луѓето за демократија и функционални институции. За нив, доволен е режимот…

Без демократија и функционални институции, тој леб и млеко веќе во септември може да станат двојно или тројно поскапи. Ако системот се распадне, нема да има ни продавници за да се задоволат основните потреби! Тоа го знае секој разумен човек. И секој разумен човек знае дека е неопходно да излезе на гласање, со истата решителност со која оди во продавница „по леб и млеко“.

Со датумот за избори на 5 јули, веќе доцниме, и тоа многу. Еве, нека не се важни ни реформите, ни ЕУ интеграцијата, ни владеењето на правото, ни економијата… ништо од секојдневно повторуваните пораки од политичарите, институциите и експертите. Не мора да се во право, како што нѐ убедуваат народњаците. Сепак, изборите се итно решение за сите прашања од животно значење. И со ваков датум, нема многу време да се подготвиме за новата школска година, па и за грејната сезона. За дополнителни одложувања не можеме ни да сонуваме, освен ако не сме тотални билмези.

Да се гласа не е опасно. Напротив. А зошто треба сите да учествуваат во одлуката? Одговорот и на овие прашања се прилично лесни, очигледни и познати. Но, од вишок глава не боли, па ќе повториме во некоја од наредните прилики. До тогаш, бидете воспитани, мијте раце, носете маска и држете растојание. Слушајте што ви зборува Мицкоски, не го гледајте што прави. Извичник.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ