• Latest

Монографијата „Манчевски“ достапна на интернет-страницата на Кинотека

June 17, 2020

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Монографијата „Манчевски“ достапна на интернет-страницата на Кинотека

June 17, 2020 13:04
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Монографијата „Манчевски“ во издание на Арс Ламина-публикации од денеска достапна преку  интернет страницата на Кинотека. Заинтересираните ќе можат бесплатно да го симнат ексклузивното издание за Милчо Манчевски, еден од најзначајните и најнаградувани македонски режисери.

Монографијата „Манчевски“, промовирана во 2015 година, сè уште предизвикува голем интерес кај читателите и љубителите на филмот.

-Повеќегодишниот комплексен, меѓународен и мултидисциплинарен публицистички проект од кој произлезе оваа монографија, на уредникот и автор Марина Костова во 2018 година ѝ ја донесе наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ – највисоката државна награда за новинарство и публицистика, велат од Кинотеката.

Оттаму потсетуваат дека на 650-те страници на монографијата, компилација од текстови, белешки и фотографии, дава увид во досегашната кариера на еден од најоригиналните и најиновативни современи режисери и уметници.

-Аспектите на творештвото Милчо Манчевски како филмски автор, фотограф, концептуален уметник и писател во оваа книга се истражени низ продлабочени анализи на осуммина филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметност од САД, Велика Британија, Германија, Австралија, Ирска, Шведска и Македонија, велат од Кинотека.

Дизајнот на книгата е на германскиот графички дизајнер Матијас Хајпел.

-За спецификите на филмскиот израз пишува Конор Мекгрејди во „Фрагменти, слоеви и временска испрекинатост: опсервации за филмските дела на Милчо Манчевски“. Филмскиот првенец на Манчевски, долгометражниот „Пред дождот“ (1994), го анализираат Ен Киби во „Теорија на сликата“, Ијан Кристи во „Бесконечна приказна“ и Сашо Александар Ламбевски во „Чувствувајќи го параноикот, шизото и депресивецот: Семиотичка анализа на емотивната архитектура на Македонија во „Пред дождот“, информираат од Кинотека.

За „Прашина“ (2001) пишуваат Ерик Тангерстад во „Кога приказната ја крие приказната: Наративната структура на ПРАШИНА (2001) на Милчо Манчевски“ и Ирис Кронауер во „Бришење на ПРАШИНА во Венеција“.

Катерина Колозова е автор на анализите „СЕНКИ на Манчевски: Сексуалност и меланхолија“ и „За МАЈКИ на Манчевски: Анатомија на мизогинијата“.

За ликовниот опус македонскиот режисер пишуваат Конор Мекгрејди во „Време, нарација и приказ: Делото на Милчо Манчевски во перформанс и фотографија“, и Соња Абаџиева во „Концептуални практики во ликовните наративи на Милчо Манчевски“.

-Голема збирка архивски факсимили – продукциски белешки, сториборди, писма, лични белешки, рецензии и интервјуа – исто така се дел од книгата, со намера да фрли светло врз процесот на работа на авторот, како и на приемот на неговото дело кај публиката и критиката. Овие архивски материјали, грижливо избрани од морето архивска граѓа, интегрално ја дополнуваат сликата за опусот на авторот, велат од Кинотека.

Дел од книгата се и теориски есеи и проза на Манчевски кои го заокружуваат увидот во неговото творештво.

Што се однесува до меѓународна дистрибуција на монографијата, само во периодот од 2017 и 2018 околу 120 примероци се испратени до национални и универзитетски библиотеки, кинотеки, научни институции и академици во над 60 земји на сите континенти.

Од Кинотека истакнуваат дека книгата е веќе дел од колекциите на Британската библиотека (British Library), на Библиотеката на Конгресот на САД (Library of Congress), на Холандската кралска библиотека (Koninklijke Bibliotheek) во Хаг, Јавната библиотека при Центарот Помпиду во Париз (Bibliothèque Publique d’Information Centre Pompidou), на Француската кинотека (La Cinémathèque française), на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Јеил, Харвард, Стенфорд, во Филмскиот центар на Јапонија, во националните библиотеки на Нов Зеланд, Јужна Африка, Тајван, Иран, Катар, Индија, Индонезија, Тајланд, Грција, Албанија, Израел, на универзитетски библиотеки во Австралија, Канада, Аргентина, Бразил, Доминканска Република, Кина, Русија, на библиотеката на легендарното списание за филмска уметност „Каје ди синема“ (Cahiers du cinéma), на Њујоршката јавна библиотека (NYPL), на Државната филмска академија на Куба во Хавана, во музејските библиотеки на МоМА и Метрополитен музејот во Њујорк.

-Ја има и во најдобрата книжарница во Њујорк „Сент Маркс букшоп“ (St. Mark’s Bookshop), како и на официјалната веб-страницата на режисерот Манчевски (www.manchevski.com). Од денес ја има и на веб страницата на Кинотеката на Северна Македонија, од каде можете бесплатно да ја симнете, велат од Кинотека.

Од Кинотека им се заблагодаруваат на сите од тимот на монографијата – особено на Манчевски, Костова и Арс Ламина – што дозволија и домашната кинотечна публика да ја погледне и прочита оваа импресивна публикација.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ