• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Што сè ветија политичарите на првиот ден од предизборната кампања?

June 25, 2020
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Што сè ветија политичарите на првиот ден од предизборната кампања?

June 25, 2020 08:40
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Заврши и првиот ден од дваесетдневната предизборна кампања, која ќе трае до 12 јули на полноќ, по што следува тридневен изборен молк.

„На овие избори е важно да си го вратиме Собранието, да ја вратиме политичката влада, а за жал ВМРО – ДПМНЕ не може да се врати се додека е водено од вакви луѓе коишто немаат став, не се воопшто одговорни и ништо не промениле за последните три години. Се е исто, кога ќе дојдат некои нови луѓе, реформирани, со проевропска ориентација, со граѓански ориентации, тогаш може да очекуваат да победат на тие избори“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од вчерашната граѓанска трибина што се одржа во Струмица.

Додаде дека досега носеле многу важни одлуки, а сега до изборите и на 15 јули граѓаните треба да донесат одлуки.

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска во обраќање по повод стартот на кампањата рече дека на престојните парламентарни избори СДСМ и колаиционите партенери ќе го потврдат континуитетот на започнатите реформски процеси во земјата.
„Тимот којшто еднаш дал одлични резултати истите ќе ги повтори и во новиот мандат за којшто сум уверена дека ќе го добиеме со силна поддршка од граѓаните. Ќе го добиеме со вистинска доверба од граѓаните на нашето европско и обединето Скопје. Во првиот мандат покажавме што значи почит кон граѓаните. Почит кон сите, без разлика на нивниот социјален статус, пол, вероисповед или определба“, изјави Царовска.

Убеден сум во мудроста на народот, во поддршката што ќе ја добиеме. Да одбереме обнова, да ја исправиме Македонија, да ја спасиме од хибридниот режим, истакна Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Охрид, на првиот предизборен митинг.

Според Мицкоски, власта во земјата можела многу да направила земјата да биде заложник на бруталната светска пандемија, но светот излегува од епидемијата, а Македонија не само што не излегла туку, како што рече, се моли за помала дневна статистика заболени.

Под слоганот „Можеме” вчера носителот на изборната единица број шест на коалицијата предводена од СДСМ, Билал Касами ја почна предизборната програма од регионот на Зајас.

На средбата со жителите на Зајас, Касами рече дека симболично почнале од Зајас, бидејќи сакаат да докажат дека се борат за еднаквост во државата.

„Движењето Беса излезе на политичката сцена како потреба за да се разбие биномот ДУИ и ДПА кои суштински ништо не измениле во положбата на Албанците во нашата земја. Ние влеговме во оваа коалиција бидеќи веруваме и убедени сме дека ќе успееме со нашиот слоган „Можеме”. Политичката и економската рамноправност во оваа земја е можна“, рече Касами.

За барањето на ДУИ за прв премиер Албанец, Касами нагласи дека дури по 20 години им текнало за Албанците дека треба да бидат рамноправни.

ДУИ имаше промотивна конвенција на кандидатите во Преспа, каде го презентираа кандидатот за прв премиер Албанец – Насер Зибери кој рече дека оваа номинација и понуда, која му ја пружи Ахмети, претставува чест за него

„Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на Македонски концепт на овие избори. Почеток на кампањата беше означен пред просториите на канцеларијата на Европската унија во државава како симбол на вредностите на коишто се стремиме, а сме далеку од нив“, изјави Петар Богојески од Македонски концепт на првиот ден од изборната кампања. Богојески истакна дека ова е последна шанса да се покаже дека граѓаните не се согласуваат со политичарите и дека треба да ја вратат државата во свои раце.

Претседателот на Македонската конзервативна партија, ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски на вчерашната промоција на програмата и кандидатите за пратеници во Битола, изјави дека ќе направат пресврт на македонската политичка сцена.

Според Ристовски, нивната политичка реторика ќе влијае врз изборот на граѓаните.

Демократската партија на Албанците во Тетово ја одржа првата предизборна средба со членови, граѓани и симпатизери. Лидерот Мендух Тачи посочи дека главниот фокус на неговата партија по овие избори ќе бидат пропорционалната распределба на буџетот и консензуалната демократија.

„Овие избори се многу важни во борбата за нашата слобода, но без пушка, туку со глас. Затоа земете го вашето семејство, носете маска, и едно пенкало од дома, отворете го гласачкото ливче и таму прв е Мендух Тачи, заокружете го. Ветувам дека кога ќе дојдеме на власт ќе се работи 24 часа првите 30 денови. Но, прво треба ден и ноќ да се избориме за тоа. За албанските семејства во социјален ризик, во првите 30 денови од мандатот социјална помош за секое албанско семејство кое има потреба по шест илјади денари по член на семејство, ама не како сега шест илјади документи да пополнат. Директно на рака“, посочи Тачи.

А. П. 

 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ