• Latest
Добро утро со Орданоски

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“

July 7, 2020
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“

July 7, 2020 06:59
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Ова е една од лапидарните реплики на Заев на вчерашниот телевизиски дуел на МТВ. Тоа, се разбира, не е точно. Господинот Мицкоски разбира многу работи. Само што во оваа кампања реши да се занимава речиси исклучиво со својот директен опонент Заев – и со ништо друго, во каков било значаен обем, форма и количество.

Дали таквата стратегија – за што овде повеќе пати е анализирано – ќе даде резултат за изборен пресврт за опозицијата?

Сега, на една недела пред изборите, одговорот на тоа прашање вреди милион долари. Но, што друго и може(ше) да прави опозицијата во оваа кампања?

„Големите“ надворешнополитички теми за Македонија, што традиционално предизборно се дрндале на секои претходни избори триесет години наназад – НАТО, ЕУ, регион – се затворени или се одвиваат на толку убедлив начин за власта, што ги прави, практично, недопирливи за „напад“ од опозицијата.

Најважната внатрешнополитичка тема, пак – меѓуетничките односи – не успева да се „отвори“ на задоволителен начин за опозицијата ни со провокативните идеи на ДУИ за „премиер Албанец“, бидејќи таа контроверза се испоставува како многу повеќе внатре-албанско етно-политичко прашање за борба за гласови, отколку за, објективно, „проблем“ за целата политичка сцена. ВМРО-ДПМНЕ ни на оваа тема не може значително предизборно да авансира. Дури и нивниот предизборен предлог за „отворање“ на Уставот и за етно-идентитетска редефиниција на политичкиот модел на државата – иако исклучително опасна политичка идеја – поминува потполно „глуво“, како предизборна „петарда“ за која дури ни тие самите не инсистираат сериозно да се разговара.

Економијата и социјалата, пак, се турнати сосема во „втор план“, а и на тие теми аргументите и остварувањата на власта делуваат поубедливо, имајќи ги сите светски и домашни околности предвид, па дури и на ниво на тоа кој повеќе, евентуално, ќе излаже за „медот и млекото“ што се нуди да потече по улиците и сокаците во Македонија после изборите.

За епидемијата и состојбата на здравјето на македонските граѓани сите зборуваат загрижено и внимателно. Опозицијата, веројатно со право, решила од тоа да не прави предизборна драма, бидејќи и тие имаат „путер на главата“ за неспроведувањето на мерките, а разбираат дека е многу деликатно и рискантно, со оглед на целата глобална и регионална пандемиска ситуација, да се обидат на тие теми да градат предизборен рејтинг.

Останува состојбата со криминалот, корупцијата и испораката на правдата во државава, со сите големи ветувања и значајни потфрлања што ги направи власта во изминатите три години. Тоа – и, велам, речиси само тоа – е темата со која настапува опозицијата на овие избори. На таа тема се надеваат да ги добијат изборите. За тоа на Заев(и) треба да му се набијат рогови и да му порасне опашка во предизборната кампања. Затоа се сите сили (и пари и валкана пропаганда) фрлени на таа предизборна коцка, со примена на грди методи за лична и семејна дискредитација на лидерот на владејачката коалиција.

Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ и ова нивно присутно и отсутно раководство, од сите познати причини, се потполно некредибилни по темава, за да очекуваат дека на прашањата од доменот на правната држава ќе ја направат критичната изборна разлика со своите опоненти. Да повториме, во однос на ова, нив повеќе ги интересира кој нема, а не кој ќе гласа на избориве.

Тенка е таа стратегија, чија конечна проверка ќе се случи за пет-шест дена.

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“… Разбира, разбира, само од таа кожа толку се може.

И овој телевизиски дуел отиде во корист на Заев.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ