• Latest

Извештај на ОДИХР: Стари проблеми во ново изборно руво

July 20, 2020
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Извештај на ОДИХР: Стари проблеми во ново изборно руво

July 20, 2020 10:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Прелеминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули ги оценува како ефективни и покрај прилагодувањата на пандемијата со Ковид-19, но со нарушена правна рамка поради ревизиите на Изборниот законик и ад хок регулатива донесена за време на вонредната состојба.

Медиумското известување е оценето како фаворизирање на поголемите политички партии во однос на платеното политичко рекламирање и без критички осврт на изборните програми на самите учесници во изборниот процес.

Денот на гласање е оценет со многу технички предизвици, особено поврзани со Избирачкиот список и крахот на сајтот на Државаната изборна комисија и објавнување на неофицијалните конечни резултати.

ОДИХР оцени дека она што е прифатено како нивна препорака делумно е внесено со измени во Изборниот законик во февруари 2020 година како што се прашања за регистрација на гласачите, транспарентност при решавање на изборните спорови, рокови за поднесување на извештаи за финансирање на кампањата и надзор на кампањата. Сепак, оние суштински препораки на ОДИХР, според нивниот извештај сепак не се прифатени како што е ревизија на границите на изборните единици од независно тело, правата на лицата со попреченост, како и финансирање на изборната кампања. Правната сигурност според ОБСЕ/ОДИХР е нарушена со недоследности, празнини и двосмислени формулации во самата законодавна рамка.

ОДИХР  изразија загриженост во врска со точноста на Избирачкиот список, главно сметајќи дека бројот на регистрирани гласачи го надминува бројот на граѓани со постојано живеалиште, со што се зголемува стапката на апстинирање. Долгорочните структурни прашања како што се недоволната стандардизација на адресните податоци и хармонизацијата меѓу институциите, согласно идентификуваното во претходните извештаи на ОДИХР, остануваат неадресирани, како и ефикасноста и точноста на регистрацијата на гласачите дополнително погодена од ограничениот информациско-технички капацитет на ДИК, поради што не била спроведена дополнителна опсежна контрола на квалитетот на Избирачкиот список.

Изборната кампања е оценета како негативна без суштинска реторика со низа незаконски објавени снимки од политичките лидери. И ОДИХР забележува прекршување на изборниот молк во медиумитена интернет,и во помала мера, во традиционалните медиуми. Освен тоа, одреден број политички партии продолжија да се рекламираат онлајн и на социјалните медиуми во текот на изборниот молк со платено негативно политичко рекламирање во социјалните медиуми.  Критика има и кон ДИК за отфрлање на 42 приговори за предвремена кампања без да ги разгледа суштински, одфрлувајќи поради недостиг на одкази. Одлуките на ДИК, оценува ОДИХР биле формалистички и идентични во сите случаи.

ОДИХР ги нотира и дојавите за купување гласови во различни региони на земјата, пред и по денот на избори, особено кај Ромската заедница и дојави за притисок врз гласачи во близина на гласачки места, особено во општините Кичево и Сарај, како и за насилен инцидент во Зајаз.

Прелеминарниот извештај на ОДИХР во голема мера се поклопува со извештаите и наодите на ЦИВИЛ во текот на целиот изборен процес, вклучително и прекинот на истиот поради пандемијата со Ковид-19.

ЦИВИЛ на прес конференција одржана на 16 јули го оцени изборниот процес како, според првичните резултати од обработените извештаи од мониторингот на ЦИВИЛ, како деликатен, но успешен и безбеден изборен процес во РСМ, особено во поглед на безбедносните протоколи за заштита од Ковид-19.  Тензичен, со нарушување на тајноста на гласање, проблеми со Избирачкиот список, несоодветно однесување на изборната администрација, но и на партиските набљудувачи, па и случаи каде беа инволвирани и полициски службеници.

ЦИВИЛ дополнително ќе излезе и со серија извештаи, анализи и препораки на низа суштински важни теми, како што се политичкото финансирање, говорот на омразата, лажните вести и дезинформации, како и изборната администрација, Изборниот законик и изборниот систем.

Б. Ј.

 

 

Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ