Фејсбук групата „Секула Војвода“ очајно го брани лицето Маријан Камиловски кој со пиштол во раката се закани дека Апасиев не е сам, и ќе им е*** м**** на комунистите, за кое вчера објави ЦИВИЛ Медиа. Објавата на „Секула Војвода“ стандардно е споделена од Фејсбук страниците „Види Види“ и „Кукузел“.


Фејсбук страницата „Секула Војвода“ пред два дена го објави статусот на „Цицки.мк“ (за кој постои пријава за кршење на авторските права и ширење говор на омраза и лажни вести) во кој ги повикуваат нивните членови да не коментираат со навредливи содржини бидејќи ќе бидат објавени, како што пишуваат, од „Фашисто балистите од ЦИВИЛ на Дерала“. Значи, се предупредуваат меѓусебно да не пишуваат навредливи изрази со – дополнителни изрази. Но и тоа е некаков успех.
„Ова е своевиден успех на ЦИВИЛ. Ако ништо друго, постои некаква свест дека се прави нешто недозволено. Очигледно е дека тие што шират говор на омразата и лажни вести, конечно, увидоа дека не можат да поминат незабележано и без осуда нивните противзаконски и антидемократски постапки, па сега меѓусебно се алармираат. Можеби институциите се слепи, глуви и неми, но јавноста веќе препознава дека се работи за организирана пропагандна активност на одредени центри на моќта. Ќе ги архивираме и ќе ги објавуваме. Нивното дејствување ќе остане забележано засекогаш, да послужи како сведоштво за идните генерации и да биде пример како НЕ ТРЕБА да се однесуваат луѓето на социјалните мрежи“ – изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.


ЦИВИЛ пред извесен период објави дека овие Фејсбук страници се мрежа кои шират лажни вести и говор на омраза.
ЦИВИЛ Медиа и во наредниот период ќе продолжи да архивира и објавува дел од содржините кои содржат говор на омраза или шират дезинформации.
Д. М.














































