• Latest

Преговорите во тек, тече рокот за формирање парламентарно мнозинство

August 8, 2020
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Преговорите во тек, тече рокот за формирање парламентарно мнозинство

August 8, 2020 10:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници и по конституирањето на Собранието пред четири дена влегоа во трката за ново парламентарно мнозинство.

Од СДСМ вчера преку соопштение информираа дека водат сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вчера попладне имал средба со организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби, со кого имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и региовојонот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.

Разговарале за парламентарно мнозинство и за коалиција за полн, четиригодишен, стабилен мандат и потврдиле дека немаат друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

Од СДСМ  во соопштение потенцираа и дека преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.
„Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот. Заради подобра заштита на здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и полн мандат на новата Влада која ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, наведоа од СДСМ.
Нивниот лидер Зоран Заев, по конституирањето на Собранието, според објавите во медиумите, остварил одделни средби со претседателите на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши, како и со Мендух Тачи од ДПА.

 

ВМРО-ДПМНЕ, пак, во реакција на соопштението од СДСМ и вчера побара да кажат „кои се партиите од новото мнозинство и која е цената за таквата коалиција“.

Претходно, во одговор на новинарско прашање портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, го повтори ставот на партискиот лидер Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ прават напори за формирање парламентарно мнозинство.  Арсовски потсети на објавената информација дека завчера се одржала средба на Мицкоски со Али Ахмети, лидерот на ДУИ, досегашен коалициски партнер во Владата на СДСМ, кој на изборите освои 15 пратенички мандати.

Мицкоски, претходно изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство од 61 пратеник и да формира влада, но не по секоја цена.

Претседателот на Алтернатива,  која во коалиција со Алијансата за Албанците освоија 12 пратенички мандати, Африм Гаши е оптимист дека ќе се формира нова влада и пред истекот на 20-те дена по доделување на мандатот и дека нивната коалиција со Алијансата за Албанците ќе биде дел од неа. Чекаат да бидат повикани на преговори доколку, како што рече, ДУИ не успеат да ја реализираат најавата за премиер Албанец.

Генералниот секретар на Движењето Беса, еден од коалициските партнери на СДСМ во изборите, во неделната колумна за весникот „Коха“, Аријанит Хоџа, пак, порача дека во согласност со одлуката на граѓанита, Албанците не смеат да останат без опозиција и оти тие мораат да имаат таква опција.

По конституирањето на Собранието пред четири дена ДПА соопшти дека на средба на нејзиниот лидер Мендух Тачи со Заев СДСМ и понудил партијата да биде дел од новата владина коалиција.

„Демократската партија на Албанците начелно е согласна да биде дел од Владата, но било договорено да се формираат работни групи кои ќе ги предводат секретарите на двете партии кои треба да се договорат за деталите“, информираше Азем Садики од ДПА на својот Фејсбук профил.

По предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јуни, пред четири дена се конституираше новиот парламентарен состав и почна да тече 10 дневниот рок за формирање парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ