• Latest

Дневно политички хушкања во очекување на крајниот исход од меѓупартиските преговори

August 8, 2020
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Дневно политички хушкања во очекување на крајниот исход од меѓупартиските преговори

August 8, 2020 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Двете најостро спротивставени страни се во трка за обезбедување на парламентарно мнозинство. Се работи за нерамна битка, во која на едната страна е проевропската агенда, а на другата се наоѓа познатиот вокабулар според кој сè е катастрофа.

СДСМ денеска соопшти дека води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, која ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер.

Од СДСМ ветија дека борбата против криминалот и корупцијата на сите нивоа ќе биде во нивниот фокус од четиригодишниот мандат, решавајќи ги сите предмети поврзани со СЈО, обезбедувајќи прочистување на правосудството и разрешување на судиите што по извршената ревизија ќе имаат многу застарени предмети во нивните фиоки.  А предуслов за тоа е, како што велат од СДСМ, веќе донесениот Закон за јавно обвинителство кој не дозволува мешање на политиката во судските одлуки.

Опозицијата, иако со два мандати помалку и тежок багаж во сферата на меѓуетничките односи, сепак, не се предава. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со истиот вокабулар од пред изборите, па велат дека СДСМ креирале криминал, корупција и хибриден режим. Всушност, поентата на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на барање од СДСМ да открие со кои партии ќе формира парламентарно мнозинство и кој ќе биде премиер.

Сепак, може да се постави истото прашање и до ВМРО-ДПМНЕ со кого планираат да прават Влада и дали Мицкоски ќе им биде премиер? И попатно да објаснат што подразбираат под хибриден режим. Но никој не ги прашува за тоа, па дури ни самите.

Со кого и да коалицираат, и двете најголеми партии целосно ги имаат предвид партиите од албанскиот блок. Нормално, доколку сакаат парламентарно мнозинство. На маргините од настаните, кои овие два дена се движат околу тоа кој со кого ќе коалицира и за кого ДУИ ќе се одлучи, генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, во колумна за Коха објасни дека тоа што неговата партија е дел од коалицијата Можеме, не значи дека не може и да излезе од неа. Односно, ако сите албански партии решат да влезат во владината коалиција на Зоран Заев, за здрава политика на Албанците ќе биде потребно да имаат партија и во опозиција. Е тогаш Хоџа ќе лобирал Беса да биде таа опозиција.

Во меѓувреме, тандемот Алијанса за Албанците и Алтернатива се надеваат дека ќе бидат дел од новата Влада. Африм Гаши од Алтернатива оптимистички изјави дека колку и да е нивната позиција ни таму ни ваму, тој верува дека ќе се формира добра влада во која и тие ќе бидат дел. Дури ја остави отворена опцијата Алтернатива и Алијанса за Албанците да се спојат во една партија.

За сето време, по влегувањето во Собрание, Левица молчи. По Фејсбук објавата на нивниот шеф, дека по влегувањето во Собрание, веќе нема излегување, ни збор. Очигледно, целта е постигната, па нема зошто да се мешаат политиката. И онака никој не ги игра.

Како и да е, останува помалку од една недела за да завршат преговорите, и се разбира од нивниот исход може да започнат анализите каква влада ќе има и дали таа ќе ги исполни очекувањата на граѓанките и граѓаните.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ