• Latest

По преговорите се познава коалицијата

August 8, 2020

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

По преговорите се познава коалицијата

Забележливо е што „брифинзите“ со манипулативни детали и лажни вести за текот на преговорите за формирање владина коалиција прво се објавуваат во медиуми на албански јазик, а први што ги преземаат се медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира, мамецот го загризуваат и поголем дел од другите медиуми кои по инерција и некритички ги преземаат. Која е целта?

August 8, 2020 12:00
in АНАЛИЗИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

За кратко време, во низа се појавија вести од „внатрешниот круг“ на преговорите за постизборни коалиции за формирање парламентарно мнозинство и влада. „Брифинзите“ што ги добива јавноста имаат повеќекратна намена. Тоа многу зависи од страната што споделува информации, но и од тоа како медиумите „ги читаат“ тие информации. Така, кога СДСМ соопшти детали од разговорите за „евентуална коалиција“, некои тоа го протолкуваа како завршена работа.

Брифинзите (со или без наводници) имаат и силна пропагандна димензија. Дозирани или целосно извртени факти може да го деконцентрираат и ослабат „спаринг партнерот“ во преговорите. Овие денови гледаме дека ДУИ е „подновено“ со идеи како да настапуваат во јавноста, почнувајќи со пропагандниот трик пред изборите за премиер Албанец, како единствена програмска содржина. Деновиве се прославија со серијата „брифинзи“ што им ги даваат на медиумите на албански јазик. Нови изненадувања од пропагандниот кетеринг на ДУИ (и на само од нив), може да се очекуваат секој миг, до крајот на преговорите.

Првиот позначаен „брифинг“ што произлезе од кујната во Мала Речица, засилена со кулинарски експерти од странство, беше дека меѓу СДСМ и ДУИ паднал договор за двајца премиери, Македонец и Албанец, по моделот 3+1 година. Тој балон пукна за само неколку часа, но во меѓувреме создаде лавина од реакции.

Потоа дојде до средба меѓу Ахмети и Мицкоски што беше проследена со лажна вест дека ДУИ и вемеро направиле коалиција. Тоа беше демантирано неколку часа подоцна. Дури и Мицкоски се изненадил како може да направи коалиција со помалку од 61 пратеник, беше ироничниот коментар на оваа лажна вест.

Отприлика во тоа време еден од лижачите на чизми на режимот проголта огромна кнедла и напиша дека премиер Албанец и не е така лоша идеја, па кркаше лавина од негативни коментари од својата, инаку верна и тапоглава публика.

Веднаш по средбата Николовски – Груби, излезе едно многу пристојно соопштение од СДСМ во кое се претставија основните точки на разговорот и постигнатите согласности околу стратешките национални прашања и програмски определби во евентуална, нагласено беше, евентуална коалиција. Навистина, ова соопштение може да биде модел за известување на јавноста кога се работи за ваков тип на процеси зад затворени врати, иако никогаш нема гаранција дали некој намерно или ненамерно ќе ги разбере споделените информации погрешно.

По средбата Николовски – Груби излезе уште еден „брифинг“, дека ДУИ се откажало од условот за премиер Албанец, но под услов и Зоран Заев да се откаже од таа позиција. Оваа „патка“ се искористи за да се употребат и изразите како „непотребен багаж“, „афери“ и слично во медиумските прилози.

Забележливо е што „брифинзите“ со манипулативни детали и лажни вести за текот на преговорите за формирање владина коалиција прво се објавуваат во медиуми на албански јазик, а први што ги преземаат се медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира, мамецот го загризуваат и поголем дел од другите медиуми кои по инерција и некритички ги преземаат.

Целта на ваквите медиумско-пропагандни трикови е да се манипулира со јавноста и да се постигне повисока цена во преговорите, а воедно, кога нема да се добие доволно, да се ублажи разочарувањето на сопствената публика (членство).

Да не се лажеме. Уште во текот на овие преговори се гледа дека идната владина коалиција, каква и да е, колкава и да е, ќе биде тешка и деликатна за водење. Сето тоа ќе падне врз грбот на граѓанките и граѓаните, а секако ќе се одрази и на интеграциските процеси.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ