• Latest

Сакам, знам, можам, не сум крив

August 20, 2020

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сакам, знам, можам, не сум крив

Или, и боговите лично пред глупоста остануваат неми

August 20, 2020 07:52
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Мислев да напишам некој збор како врска со минатото, меѓутоа ништо не ми падна на ум. Ситуацијата е толку истоветна, што едноставно нема потреба од врска.

Луѓето кои сакаат, знаат, можат и за ништо не се виновни, одново и одново испливуваат на површината и застануваат на чело на државата. Ова е посебно видливо во моменти како овој актуелниов кога се пазари, пардон, договара “нова“ Влада.

Некогаш се истите, а некогаш некои други, меѓутоа од истиот вид и подвид.

Имам впечаток дека се множат со геометриска прогресија.

Објавено во УТРИНСКИ, 20 февруари 2001

Некои луѓе едноставно се родени да управуваат. Во многу рана возраст се пројавуваат како идни управници, функционери, директори, градоначалници, парламентарци, министри и сè понатаму. Не се издвојуваат со својата памет или некое посебно знаење.

Не можете да ги препознаете по умешноста или стручноста. Не пројавуваат забележлива интелигенција или бистрина. Не се шармантни, духовити, интересни. Не е да не се случува да поседуваат и некоја од горните карактеристики (одвреме – навреме, не многу често, се случува и тоа). Меѓутоа, тоа не е она по што можеме да ги препознаеме и тоа не е она што ги исфрла на врвот со што доаѓаат на чело на секоја манифестација (освен онаа која може да биде опасна по нив самите).

Овие луѓе ќе ги препознаете по тоа што во секој разговор подолг од пет минути ќе изговорат четири неизбежни фрази.

Како прв секогаш се појавува зборот САКАМ.

Сакам да бидам претседател на одделение, сакам да ме изберат за претседател на  Унија на средношколци, многу сакам да станам претседател на студентската организација. Сакам да станам советник во општина, градоначалник, директор, пратеник, амбасадор, конзул, управник, претседател, премиер. Добро е сè што значи  фотелја, секретарка, шофер е секогаш добредојден, потчинети, а јас главен.

Овие луѓе навистина сакаат и го кажуваат тоа на  цел глас и во тоа име се подготвени да молат и да колат, подготвени се да ветуваат и да лажат, подготвени се да те продадат и да те купат, подготвени се да го згазат секој свој збор и подготвени се да станат пријатели и со црниот ѓавол.

О, овие луѓе се подготвени апсолутно за сè, само ако значи тоа некаква моќ, управување со други, само ако значи дека некој по редот на нештата ќе мора да седи и да ги слуша и потврдно да клима со глава и понизно да се смешка. Едноставно сакаат да решаваат за човечки судбини и да бидат барани и молени. Сакаат да се појавуваат на телевизија и на радио и во весник и некој да ги прашува за нивното мислење, за кое во други услови никој жив не би дал ни пет пари. Проклето многу ја сакаат таа раководна функција која единствена може да им обезбеди да бидат третирани како да се некој и нешто, затоа што обично по сите свои способности се никој и ништо.

Вториот збор е ЗНАМ.

Овие луѓе знаат. Знаат сè и знаат целосно и безгрешно. Однапред и без никој ништо да им каже. Залудно е да се обидете на ваквиот човек да му пренесете каква било информација, тој знае.

Не можете да му објасните нешто затоа што тој веќе знае. Губење време е да пробате да споделите што било, тој е секогаш понапред од вас и знае. Овие луѓе се родени со целокупното знаење што кога било ќе им притреба во животот.

Знаат како да управуваат, знаат како да градат и како да уриваат, знаат да направат сè што е потребно и знаат што не е потребно. Знаат што мислите и знаат што ќе направите, знаат што е најдобро за секого одделно и за сите заедно.

Тоа се луѓе што не учат и не можат ништо да научат, луѓе за кои бројките се само убави шари за покажување, а податоците служат за разубавување на речникот. Ним не им требаат ни свои ни туѓи искуства. Тоа се луѓе кои нема да прочитаа ниту една информација или извештај, а упорно ќе се повикуваат на истите тие информации и извештаи.

Знаат како, зошто, колку, кога, каде. Знаат без да дознаваат, знаат дури и без да знаат. Меѓу нив тешко ќе се пробие оној кутар мудрец кој се осмелил да извика: сега знам колку не знам. Нему дефинитивно не му е местото во ова друштво.

Знам и верувај ми и следи ме, не грижи се и не прашувај. А зад секое знам, по една дупка. Колку поголемо знам толку поголема бездна. Колку поголема  бездна толку повеќе жртви за да ја исполнат за да не пропадне тој самиот, што знае сè.

Третиот збор кој природно следува од знам е МОЖАМ.

Можам сè. Можам да направам, можам да постигнам, можам да организирам, можам да добијам, можам да обезбедам, можам да разберам.

Нема што не можам. Можам да бидам што сакам. Можам да бидам пилот,  и капетан на брод, и дипломат, политичар, директор на сè и сешто, министер.

Можам да возам со заврзани очи и без раце. Можам во исто време да бидам и профессор и државен службеник и независен експерт и партиски човек и бизнисмен и законотворец.

Никој не ги учел, никогаш не пробале, првпат гледаат такво нешто, ама можат. Можат да напишат закон за една ноќ и учебник за еден ден, можат да преговараат и да договараат, можат да отидат и да се вратат. Можат да одат на лево и на десно и право и горе и долу, насекаде. Главно е да се каже можам, за некој да не помисли дека некој друг а не јас навистина може. Потоа ќе видам како.

И последниот збор, оној најважниот: НЕ СУМ КРИВ.

Не сум крив е решение за сè и излез од не знам и не можам.

Не сум крив за неуспехот, за утнувањата, за погрешните процени и несоодветните потези, за назадувањето, за загубата и за грешките. Не сум крив е секогаш тука, подготвено, искрено со раширени раце и поткренати рамења.

Секогаш има некој друг кој ја сплеткал работата. Некој друг нешто погрешно направил и ја оплескал. Криви се оние пред мене и нивните остатоци и оние околу мене што не работат како што треба и оние зад мене, и  пријателите и непријателите и луѓето и животните и времето и невремето.

Криви се соседите и оние богатите и оние бедните. Јас – не. А, ако сум малку крив дефинитнивно се многу покриви оние другите.

Не сум крив е супер, така можам свечено да ги напуштам овие кривите и да одам и да им  се придружам на оние другите и третите и сите што доаѓаат.

Не грижете се доколку детето не ви учи добро или не покажува посебен  интерес за ништо. Доколку ги изговара брзо и без размислување зборовите: сакам, знам, можам и не сум крив, сè е в ред. Го чека сигурна и светла иднина.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    159 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ