• Latest

Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат итно донесување протоколи и финансиска помош

August 25, 2020

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат итно донесување протоколи и финансиска помош

August 25, 2020 11:01
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Игротеките, приватните установи за едукација и грижа на деца, објектите за свадби, родендени, крштевки, како и други семејни веселби, кои се затворени со владина Уредба поради Ковид-19 и веќе шести месец не остваруваат никаков приход, очекуваат новата Влада итно да го реши нивниот финансиски проблем, во спротивно најавуваат протест.

„Станува збор за над 1000 субјекти со дејност игротеки, приватни установи за едукација и грижа на деца, објекти за организирани настани како свадби, родендени, крштевки, како и други семејни веселби, кои веќе шести месец не остваруваат никаков приход и финансиски не можат да опстојат во кризата. Претпријатијата од овие дејности бараат итно протоколи за почеток со работа или доколку се одлучи принудно да останат затворени, да се донесат мерки за финансиска поддршка со кои ќе ја преживеат кризата. Ликвидноста е целосно нарушена, а  со самото тоа и можноста да ги задржат вработените, да ги сервисираат обврските и основните месечни трошоци“, стои во соопштението на Сојузот на стопански комори на Мак­­едонија.

Истакнуваат дека во континуитет се доставувани писмени барања со издржани предлози до надлежните институции, како и протоколи за работа согласно оние од земјите во регионот и пошироко, каде на овие дејности уште пред неколку месеци им е овозможено да работат.

Доколку се утврди дека нема можност за извршување на дејноста, економските оператори бараат да се донесе економски пакет од шест мерки за финансиска помош за опстанок.

Тие шест мерки се: субвенции за плати за сите досегашни и идни месеци додека се принудно затворени  од институциите, во износ на минималната бруто плата; одложување од обврските за плаќање кон претпријатијата кои вршат комунални дејности до крајот на годината; како и ослободување од обврските за аконтативно односно однапред плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход. Потоа, како четврто барање е наведено ослободување од плаќање на данок на имот спрема општините и Градот Скопје за месеците за кои принудно не вршат дејност; петто-мораториум со репрограм за кредитните обврски спрема банките до крајот на годината и еднократна  парична  помош  за  сите  објекти врз основа на претходно определени критериуми и параметри засновани на годишни приходи и платените даноци во изминатите години.

„Со формирање на новата Влада, претпријатијата од овие дејности очекуваат во најкраток можен рок да се реши моменталната состојба, во спротивно својот револт ќе го истакнат на протест. Да се затворат принудно со месеци без услови со кои ќе можат да ја преживеат кризата е нечовечки и помош или деблокада се единствениот излез“, велат од Сојуз на стопански комори на Мак­­едонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ