• Latest

Трифун Костовски со повик да се повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка поради потенцијални купувачи на банката

August 25, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Трифун Костовски со повик да се повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка поради потенцијални купувачи на банката

August 25, 2020 15:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најголемите акционери во Еуростандард банката, Трифун Костовски упати јавен повик за стопирање на стечајната постапка и во интерес на граѓаните да се дозволи потенцијални купувачи да вложат средства што ќе овозможат таа да продолжи со работа.

„Јавно ги повикувам сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.

Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните.

Потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор“, вели Костовски во повик.

Тој се осврнува и на последиците доколку не се отстапи од одлуката на Народна банка.

„Клиентите на Еуростандард банка, кои се оштетени со оваа одлука ќе бидат целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето. Поради софтверскиот систем за исплата на пензии, неколку илјади пензионери ќе се соочат со не можноста редовно да ги добиваат своите пензии, а тоа е најранливиот слој на граѓани во Македонија.  Масовни отпуштања и зголемување на невработеноста, како на вработените во Еуростандард банка, така и на вработените во Македонски пошти, поради неможноста да остварат приход и да ги заработат чесно своите примања“, вели Костовски.

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ Народната банка побара поради големите кредитни загуби, а затворањето на банката е во функција на одржување и јакнење на банкарскиот систем и заштита на депонентите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ