• Latest

Видео без проверливи факти искористено за пост со говор на омраза што може да предизвика насилство од омраза

August 27, 2020

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Видео без проверливи факти искористено за пост со говор на омраза што може да предизвика насилство од омраза

August 27, 2020 14:26
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Видео кое содржи чин на насилство, но за кое не се утврдени фактите и на чие разрешување работи МВР, беше контекстуализирано во пост на Фејсбук со невистинити тврдења, кој може да предизвика насилство од омраза, пишува Вистиномер.мк во својата проверка на вистиност на пост на Фејсбук, како дел од ексклузивната соработка на овој сервис за проверка на факти со најголемата социјална мрежа на светот.

Јавно достапен пост на Фејсбук корисник сугерира неутврдени факти околу наводно насилство од омраза, од кои може да произлезе друго насилство од омраза:

ТикТок актуелности.

Застануваш Македонци по улица и ги шамараш и боксираш. Тоа ли е во мода сега во државата “Едно опшесво за сите”?

Ова ли е мирот и стабилноста која ја обезбеди Зоран Заев лижејќи кај албанците и газејќи кај Македонците?

Да се плашиш дете по улица да пуштиш, браво на достигнувањата

 

Постот се однесува на видео со логото на социјалната мрежа ТикТок, реобјавено на Фејсбук, кое беше прилично вирално (многу пати прегледано и споделувано и на други социјални мрежи), а беше споменувано и на традиционалните медиуми, телевизиите и он-лајн медиумите.

За самото видео се огласи и Министерството за внатрешни работи, кое кратко соопшти дека „постапува за расчистување на случајот“, односно спроведува истрага за тоа кој го снимил и постирал видеото, како и за тоа каде е снимен настанот и кога.

Оттука, факт е дека немаме факти за видеото на кое се гледа насилство кон некое момче кое држи некаква кеса во рака. Во позадина оди традиционална музика за која се чини дека е на албански јазик и две знаменца, македонско, намонтирано до тепаното момче и албанско, намонтирано до раката на тепачот. Можеби да е така како што изгледа, а можеби и не.

При таква констелација, се соочуваме со пост на Фејсбук во кој може да се детектира говор на омраза по два основи, политичка и национална.

„Застануваш Македонци по улица и ги шамараш и боксираш. Тоа ли е во мода сега во државата “Едно опшесво за сите”. Тука нема факти. Јавноста не може да знае дали момчето, кое е удрено два пати (колку што удари се гледаат на овој видео клип), е Македонец, ниту, пак, може да знае кои се причините за ударите.

„Ова ли е мирот и стабилноста која ја обезбеди Зоран Заев лижејќи кај албанците и газејќи кај Македонците?“. Тука има говор на омраза од политички побуди – „лижејќи кај албанците“ и „газејќи кај Македонците“ – при што се алудира на парламентарното мнозинство составено од СДСМ и ДУИ. Освен тоа и еден мал детал, кој не е безначаен. Зборот „албанци“ е напишан со мала а зборот „Mакедонци“ со голема буква, што е уште една алузија на тоа дека не се сите граѓани во држвата подеднакви, односно се детектира говор на омраза поради етничка припадност.

Понатаму, ова видео нема врска со „мирот и стабилноста која ја обезбеди Зоран Заев лижејќи кај албанците и газејќи кај Македонците“. Како што е познато, од 3 јануари годинава па до скоро, значи веќе речиси осум месеци, во РС Македонија имаше техничка Влада, во која Заев не е член. Уште повеќе, во таа влада имаше министри и заменици министри од повеќе партии, меѓу кои и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од македонскиот блок, на пример, при што министер за внатрешни работи, во чиј ресор спаѓаат кривичните дела (какво што е ова од овој видео клип) беше Наќе Чулев, кој е токму до редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

И конечно, врз основа на видео, за кое немаме факти, се шири страв и паника кај дел од јавноста, со реченицата од постот „да се плашиш дете по улица да пуштиш, браво на достигнувањата“.

Покрај тоа што оваа реченица шири страв и паника, таа има проблем со вистинитоста, зашто фактите во однос на безбедноста во РС Македонија говорат нешто сосема друго. Тврдењето „да се плашиш дете по улица да пуштиш“ е сосема неточно и невистинито. Компаративните статистики на Европското статистичко биро, Еуростат, покажуваат дека во 2017 година, (последните податоци кои земјава ги доставила до Еуростат) има само 1,21 убиства на 100 илјади жители со што РС Македонија е на 16-то место од 38 земји, при што оваа бројка е помала од земји какви што се Франција, Финска, Романија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Косово и други. Кога станува збор, пак, за кражбите, во 2014 година (исто последните податоци кои земјава го доставила до Еуростат), РС Македонија е дури на 35-то место од 37-те земји со 242 кражби на 100 илјади жители, што значи дека од нашата земја пониско ниво на кражби имаат само две други европски земји. Сите други се полошо рангирани. Ваквите бројки покажуваат дека криминалот во РС Македонија е или на средина или во долниот дел на табелата меѓу останатите европски земји, чии статистики ги следи Еуростат. Ова, пак, значи дека и покрај ова заплашувачко видео, кое, сепак, не ја покажува целосната слика, нивото на криминал кај нас не се разликува од она во останатите европски земји. Заради сето ова, сметаме дека тврдењето „да се плашиш дете по улица да пуштиш“ е неточно.

Познато е дека насилството од омраза во најголем број случаи потекнува од говор на омраза. Бидејќи постот содржи наведувачки „факти“, кои не можат да се дознаат од видеото, не е невозможно ваквите постови да предизвикаат насилство од омраза. На ова сугерираат и дел од коментарите објавени под постот.

извор МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ