ВЕСТ НА ДЕНОТ: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од потпретседателското место во Собрание, ќе се откаже и СДСМ
Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ. Ова на новинарско прашање денеска од Македонска Каменица го истакна претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на градот во М.Каменица.
Најчесто, прекршители на законите се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Демократската унија за интеграции (ДУИ) и СДСМ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Насер Зибери ќе биде назначен за Народен правобранител во Северна Македонија, неофицијално дознава ТВ21. Од Зибери сè уште нема официјална потврда, но изворите на телевизијата велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети, чиј мандат истекува на 24 декември 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува утре на дебатата на собраниската седница за изборот на новата Влада на мандатарот Зоран Заев и како што изјави денеска на прес-конференција партискиот портпарол Димче Арсовски ќе гласа „против“.
Штипјани ќе бираат замена за градоначалникот Благој Бочварски на локални избори во ноември или февруари.
Неофицијално дознаваме дека Секторот за внатрешни работи Штип при Бирото за јавна безбедност на МВР поднел кривична пријава против К.Ѓ., член на Совет на општина Кочани, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ на последните парламентарни избори.
Закани за eкс-пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска-Илиевска откако побара смена на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, заканувачите се приведени.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Римјаните имале Бог кој се викал Јанус, имал две лица и секој го гледал лицето кое му се допаѓало. Така отприлика изгледа случајот со службеничката од Општина Штип што од дисциплинската комисија доби предлог за прекин на работниот однос. За време на боледување организирала и одржала прес-конференција на својата политичка партија.
Како и да се погледне случајот ја истакнува апсурдноста на етиката на нашето време“, пишува Војо Маневски во колумната „Службенички отказ – или Македонски бог Јанус“.
Д. М.