• Latest

Пожар во МИА и Инспекторатот за животна средина, градинките почнаа со работа, полицајци „дошепнуват“ детали за акции…

September 9, 2020

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пожар во МИА и Инспекторатот за животна средина, градинките почнаа со работа, полицајци „дошепнуват“ детали за акции…

September 9, 2020 16:37
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Во пожарот кај поранешна Комерцијална банка оштетена архивата на Инспекторатот за животна средина

Во тек е истрага на полицијата и надлежните институции, а се сослушуваат и вработените во Инспекторатот, како и останатите кои во моментот на пожарот се затекнале во зградата.

Утринава избувна пожар  во просториите на поранешна Комерцијална банка. Пожарот  е локализиран, нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина, а опожарен е и надворешниот дел на вториот кат. Од Инспекторатот посочија дека е оштетена просторијата со архива со оглед на тоа што пожарот избувнал во соседната просторија. Оттаму информираат дека е причинета и друга материјална штета, меѓутоа не можат да кажат што конкретно е уништено, бидејќи тоа ќе биде познато откако ќе заврши увидот.

Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.

Пожарот е локализиран во 08:50 часот, а во гасењето интервенирале 24 пожарникари со девет пожарникарни возила. При интервенцијата, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што му била дадена прва помош од екипа на Брзата помош. Пожарникарот е во стабилна состојба.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека интервенцијата била сложена затоа што внатре просториите биле преградени со гипс картони и стаклени врати, а не работел ниту еден хидрант.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Спасовски: Полицајци „дошепнуваат“ детали за акции на сомнителни структури

Полицајци комуницираат со сомнителни структури и ги известуваат за определени акции, ова јавно раширена тајна ја потврди и министерот за внатрешни работи на денешната прес конференција, откако  по 4-ти пат ја добива оваа позиција. Поради тоа мора да се намалува човечкиот фактор во одлучувањето за казни, рече  Спасовски кој тоа го објаснува со примери за дошепнување од полицајци до сомнителните.

https://www.facebook.com/359477174168894/videos/1451929504997336

Откако јавноста е шокирана за благите судски казни за тешки сообраќајни несреќи со човечки жртви и брзото ризично возење по улиците, сега МВР планира да воведе нов систем од камери за контрола на сообраќајот. Прекршителите и опасните возачи да добијат заслужени казни е целта на системот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Утрово почнаа со работа установите за згрижување и воспитување на децата согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД – 19. Сите установи во земјава согласно протоколите  имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродром, каде надлежните ја информирале дека денот успешно започнал, децата дошле во градинка заедно со своите родители, а при влез биле запазени сите протоколи за заштита од КОВИД – 19.

Од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само еден објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе не е отворен денеска за прием и згрижување на деца, информира Министерството за труд и социјална политика.

Според информациите што Министерството ги добило од оваа градинка, се чека да се направи тестирање за Ковид – 19 на едно вработено лице, по што, ќе биде донесена одлука за отворање на овој објект.

– Во сите останати детски градинки згрижувањето на децата се одвива непречено согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинувањето на вонредната состојба , донесен од Владата на 29.05.2020 година, информира Министерството за труд и социјална политика.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес конференција изјави дека полицијата заштитник и партнер на граѓаните, на сите граѓани без разлика на нивната етничка и партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација, социјално потекло, образование, на јазик, религија, имотен или општествен статус, политичко уверување.

.Тој информира дека се продолжува и со реновирање и реконструкција на полициски објекти, но и со изградба на нови објекти и набавка на нови униформи. Во напредна фаза, истакна Спасовски, е и изградба на зградата на крим техника со современа форензичка лабораторија, со што ќе се влијае и на брзината на постапките. Граѓаните, рече, со право очекуваат современи методи на постапување на полицијата, адекватни на оние во современите земји.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши  денеска се сретнаа со претставници на занаетчискиот еснаф. На средбата, како што информираат од кабинетот на Битиќи, вицепремиерот и министерот за економија истакнаа дека со претходните три пакета на мерки, Владата обезбеди поддршка на голем број граѓани и компании, а главна водилка беше да се помогне на сите кои бележат загуби поради пандемијата и на тој начин да се одржи ликвидноста на компаниите и да се зачуваат работни места.

СЛОБОДНА ЗОНА: Најчевска, Сарачини, Дерала 

Протести за струјата, колку (не) е зелена Владата, „независниот“ Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот патриотски институт

„Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на протести за струјата која поскапува за 7%. Нема контрапротести на власта и администрацијата за струјата поскапена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од речиси 100%. Нема ниту заокружувања на луѓе со кругчиња, ниту пак хајки со етикетирања, навреди и говор на омраза, ни кон луѓето кои се неколку недели на протести, ниту кон ВМРО-ДПМНЕ, која денес излегува првпат на протест на оваа тема“, пишува Петрит Сарачини во колумната „И протестите за струјата покажуваат: Има разлика!“

„Загадувањето, сметот, воздухот, водите, зеленилото, рудниците, се предмет на интерес на граѓанските организации и самите граѓани и точки на притисок врз секоја политичка партија која се бори да ја освои власта во Македонија. Зелените вредности станаа дел од изборните памфлети, партиските програми и изборните ветувања во Македонија. Се употребуваат соодветни зборови, изрази, се скицираат програмски определби“ – пишува проф. Мирјана Најчевска во својата сеопфатна анализа – Колку (не) е зелена програмата на новата влада.

За интелектуалниот „подем“ на „независниот“ Александар Пандов, коментира Џабир Дерала во блиц коментарот – Пословичната доследност на „аналитичарот“ Пандов.

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    159 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ