ВМРО-ДПМНЕ одржа протест против цените на струјата. На протестот учествуваа неколку стотини граѓани кои носеа транспаренти и извикуваа „Мафија на робија“, еден од слоганите на Шарената револуција против режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ (2006-2016).
Неубедливиот протест на Мицкоски го одбележа и еден инцидент, поточно, напад на новинарката Милка Смилевска од медиумската платформа Ал Џезира.
Нападот на новинарската екипа го осудија повеќе граѓански организации, меѓу кои остра осуда упати и ЦИВИЛ.
„Овој немил инцидент уште еднаш покажува дека говорот на омразата кој го шират организирани ултранационалистички групи и високи претставници на одделни политички партии може да доведе до насилство и дела од омраза. ЦИВИЛ ја повикува јавноста да ги отфрлат и осудат црната пропаганда, говорот на омразата и потпалувачкиот говор на одделни политичари“, се вели, меѓу другото, во соопштението на ЦИВИЛ.
Реакцијата на јавноста за протестот на Мицкоски е дека со ова тој се обидува да се „вози“ на граѓанскиот протест за порастот на цените на електричната енергија, со единствена цел, да се задржи на кормилото на партијата во која се сѐ пгласни повиците за негова оставка.
Особено Мицкоски нема кредибилитет да говори за цените на струјата, се вели во коментарите, бидејќи тој беше советник на Груевски во период кога цената на електричната енергија се зголеми 100%, а се укина и евтината тарифа. Во тој период, тој се стекна со акции во повеќе хидроцентрали низ земјата.
текст: Џабир Дерала
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фото: Кирил Михаилов