• Latest
проф. Мирјана Најчевска

(ПОЛЕМИКА) Човековите права можат да бидат употребени и злоупотребени

September 14, 2020
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

(ПОЛЕМИКА) Човековите права можат да бидат употребени и злоупотребени

September 14, 2020 11:00
in КОНТЕКСТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
проф. Мирјана Најчевска

проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

повод: Дескоска: Објавувањето на веста за синот на Жан Митрев е груба повреда на правото на приватност на таткото

Повикувањето на концептот за човековите права стана неизбежен елемент на голем број настапи на професори, новинари, експерти.

И тоа е добро.

Така се промовира концептот, луѓето се запознаваат со своите права, учат како правата се прекршуваат и учат како да застанат во одбрана на правата.

Она лошото е што бранот промоција на човековите права има и многу незнаење, манипулација, извртување и погрешно објаснување.

Најлошо е кога тоа доаѓа од страна на професор од областа на правните науки, поранешен министер за образование и за правда, или, од јавна личност која има влијание врз јавноста, чии зборови имаат соодветна тежина, која има авторитет изграден врз основа на професијата и искуството.

Рената Дескоска влезе во дискусијата во врска со објавувањето на веста за лишувањето од слобода на човек кој од страна на новинарите беше идентификуван како син на познатиот во јавноста доктор Жан Митрев.

Според неа самата, таа влегла во дискусијата со свои и само свои ставови („ослободена од товарот на министерската функција“). Ова секако не ја намалува важноста на кажаното, посебно ако се има предвид дека таа е професор кој подготвува идни правници.

Целиот напис е навидум во одбрана на концептот за човековите права, неговата еднаква примена и заштитата на индивидуата како носител на тие права.

Во што е проблемот?

Прво, во целиот напис Дескоска користи речник на навреди, омаловажување кон одредена група на луѓе кои размислуваат или може да размислуваат поинаку од неа, и, создава атмосфера во која се ограничува правото на мисла и на изразување.

Кога ќе каже: “Свесна сум дека за малограѓанската јавност чии „ниски страсти“ се распалени моето пишување нема да е прифатливо и од нив одобрено“, или, „Дека целта е сензационализам, будење на ниски страсти, воајеризам и слично, а не јавен интерес“, таа всушност кажува дека сите оние кои мислат поинаку од неа се воајери, сензационалисти и малограѓани со ниски страсти. Тоа понатаму води кон задушување на било каква натамошна расправа за одредена тема, затоа што не може да има различни и спротивставени мислења. Тие се од почеток етикетирани, омаловажени и дезавуирани.

Второ, паѓа во очи дека Дескоска „се возбуди“ да пишува за случај на евентуална повреда на правата на конкретна јавна личност. Тоа не е чудно (впрочем таа е професор на Правен факултет со долгогодишно искуство). Она што паѓа во очи е тоа дека Дескоска не е позната во јавноста како некој кој ги брани човековите права и слободи во ситуација кога се тие загрозени (на пример од страна на власта), или кога станува збор за други категории на луѓе (во конкретни случаи во кои се на удар конкретни луѓе).

Трето, и секако најпроблематично, е нејзиното објаснување за односот меѓу правата и толкувањето на правото на приватност во контекст на правото на изразување.

Уште на самиот почеток таа утврдува дека според Европскиот суд за човекови права, Жан Митрев не треба да се третира како јавна личност туку како приватно лице („Во конкретниот случај кој ја бранува македонската јавност, според критериумите на Стразбур, сопственикот на клиниката не е јавна личност, туку #приватно #лице кое треба да ужива поголема заштита на својата приватност“).

Ова не е точно.

На пример, според Европскиот суд за човекови права во случајот Axel Springer AG v. Germany судот истражувал дали било повредено правото на приватност на германскиот глумец  кога медиумот објавил напис со фотографии од лишувањето од слобода на глумецот заради нелегално поседување дрога на јавен фестивал. Во случајот Судот утврдил дека ограничувањето на објавувањето вакви написи и фотографии е повреда на членот 10 од Конвенцијата (право на изразување). Според Судот, глумецот бил доволно јавно познат за да се смета за јавна личност, што кај публиката создава поголем интерес да биде информирана за неговото лишување од слобода и наводите против него.

Значи, наспроти тврдењата на Дескоска, јавни личности не се само политичари, туку ова е многу поширок поим и во него влегуваат различни категории луѓе познати на јавноста. Луѓе кои имаат влијание во јавниот живот, кои може да бидат модел на однесување, кои се користат за испраќање пораки од страна на политичките партии во јавни кампањи…

Втор елемент, кој е поврзан со заштитата на правото на приватност, а кој Дескоска го занемарува (свесно или од незнаење) е тоа дали станува збор за ширење информации кои во себе содржат факти или информации кои се состојат од вреднувања и осуди. Според Европскиот суд за човекови права мора да се прави оваа разлика и фактите кои се однесуваат на јавните личности се заштитени со правото на изразување.

Во случајов станува збор за факти. Имено факт е дека е уапсен синот на Жан Митрев под сомнение за подготовка на терористички активности. И тука нема ништо лично или приватно, туку станува збор за податоци кои идентификуваат врска меѓу јавна личност од Македонија со лице од интерес за германската полиција.

Тоа значи дека тврдењата на Дескоска дека: „…објавувањето на веста значи груба повреда на правото на приватност на таткото“ и „Во овој случај повеќе од јасно е дека доколку таткото покрене постапка за нарушување на приватноста истата ќе ја добие“ – не се точни.

Запирањето расправи од ваков тип е опасно по неколку основи.

Се штитат одредени јавни личности од било кој облик на нивно реално димензионирање со што им се дава моќ на лидерство кое се базира на култ на личноста.

Се запираат расправи за суштински прашања поврзани со семејството, односите меѓу родителите и децата, тероризмот, погрешните избори во животот…

Се ограничува протокот на информации и се иницира самоцензура на медиумите.

Меѓутоа, сепак на крај останува она најстрашното, дека професор на Правниот факултет погрешно ги учи идните правници и создава сосема погрешна претстава за човековите права и основни слободи и нивното практикување и заштита.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share45Tweet28Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ