• Latest

Вистиномер: Не е точно дека во земјава се спроведува апартхејд врз „мнозинскиот народ“

September 27, 2020
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека во земјава се спроведува апартхејд врз „мнозинскиот народ“

September 27, 2020 11:25
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Вистиномер.мк“ анализира пост на Фејсбук, во кој се изнесени неточни податоци за процентот на Албанците во државата, за нивната вклученост во плаќањето данок и направена е манипулативна конструкција со која се провоцира насилство врз етничка основа.

Објава со невистинита содржина се споделува на социјалната мрежа Фејсбук и шири говор на омраза. Станува збор за пост во кој е испишана следната потпалувачка порака:

„Малцинство кое брои помалку од 20 % со наплата на данок од 5% му е дадена власт врз мнозинскиот Народ! Ова е Апартхејд!“

Иако не е експлицитно наведено за кое малцинство се однесува, јасно е дека се мисли на Албанците, особено ако се погледнат отровните коментари под објавата кои ги има во голем број. Особено загрижувачки е тоа што од коментарите извира нетрпеливост, посебно кон Албанците, меѓутоа не само кон нив, туку и кон други институции и организации, како Европската Унија.

Застрашувачки делува гневот на оние кои коментираат и тоа што има отворени повици за насилство, па дури и ликвидација?!

Требаше уште во 2001 да ги избркаме СДСМ, ДПМНЕ од Македонија тие се потписници на охридскиот договор

Додека не се исуши дрвото, паразитите не заминуваат, да се молиме оваа и ваква МК што побргу да ја снема за да почне изградба на вистинска

СДСМ балистички Апартхејд

Дефинитивно треба да станеме екстремни… клин со клин се избива…

Потребна е ликвидација барем на еден

Чист Апартхејд! Срам за Европа! Дозволи класичен Апартхејд нас една суверена држава од страна на малцинство шип. кое не се брои ниту во 15% во Македонија и малцинстов кое има дури две други матични држави на Балканот… сега граба и трета… ќе дозволиш ти „демкратска“ Европо? А, дали ова ќе го дозволеше во друга земја, на пример, некоја од ЕУ??? Пред твои очи ова ни се случува на нас Македонците како староседелци, афтохтони со векови на ова парче земја… Ако под итно овој срам не го средите, набрзо и вие ќе бидете жртви на ова диво… или ќе мора да пукне, а тогаш нема назад, ќе гориме сите!

Но, биди сигурен и нивниот г..з ќе гори,е,тогаш да видиме како за 24часа ќе го средат ова диво неартикулусано племе,непокорено во Европа,заради нивните интереси…

живеам за тој ден!!!!!! Живеам за денот!

и ќе го дочекаш…на се има крај…

Дополнително, овој пост во кој се објавени неточни податоци има 369 реакции и 39 споделувања. Што, исто така, е опасно со оглед на тоа што провоцира говор на омраза.

Дека се работи за невистинити информации може да се провери доколку се погледнат резултатите од последниот попис (стр.34) во 2002 година, бидејќи тие се сметаат за релевантни со оглед на фактот што оттогаш не е спроведена друга ваква статистичка операција.

Според овие податоци, во државата има вкупно 2.022.547 жители а од нив 509.083 се Албанци, или изразено во проценти 25,17 отсто.

Истресен е од ракав и податокот дека кај Албанците има„наплата на данок од 5%“. Вакви анализи воопшто не се прават, барем од тоа што е официјално соопштено и достапно за јавноста. Досега не е познато дека УЈП или некоја друга институција правела анализи за наплата на данок според етничка припадност.

Така што, оперирањето со какви било проценти во оваа смисла се сведува на претпоставки. А, во конкретниот случај, истресениот од ракав процент е искористен за манипулативна конструкција: „Со наплата на данок од 5% му е дадена власт врз мнозинскиот Народ! Ова е Апартхејд!“

И ова се разбира не е точно. Новата Влада предводена од СДСМ, брои вкупно 20 члена: премиер (лидерот на СДСМ, Зоран Заев) и 19 министри – 11 од коалицијата предводена од СДСМ и 8 од редовите на ДУИ. Во составот на сите досегашни влади имало Албанци, како и претставници на другите етнички заедници, но премиерот и поголемиот дел од членовите на Владата биле Македонци.

Претседателите на државата, исто така, биле Македонци. Од трите највисоки државни функции, Албанец е носител на највисоката позиција во Собранието, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е на чело на оваа институција втор мандат.

Така што, никако не може да се каже дека Албанците се во некаква супериорна позиција во однос на „мнозинскиот народ“ – Македонците, дека имаат власт над нив, како што сугерира објавата. Тоа станува уште поочигледно на локално ниво, каде што процентот на градоначалници Македонци е значително  поголем од процентот на албанските градоначалници.

Уште помалку, пак, има вистина во споредбата со некаков „Апартхејд“(!) – политика на расна дискриминација и делење на населението врз расна основа, применета како правен систем од страна на поранешната владејачка Националната партија во Јужна Африка, помеѓу 1948 и 1994 година.

Но, наспроти тоа што го говорат фактите, оваа манипулативна и тенденциозна објава на социјалната мрежа шири омраза на етничка основа, со што може да испровоцира „експлозивна“ ситуација со несакани последици и да направи голема штети на повеќе нивоа, пишува Вистиномер.мк.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ