• Latest

Шахпаска: Состојбата со пандемијата будно се следи во градинките

September 28, 2020

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Состојбата со пандемијата будно се следи во градинките

September 28, 2020 15:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за труд и социјална политика деноноќно се следи здравствената состојба како на дечињата, така и на вработените во градинките. Се прават анализи дали има отстапувања и согласно препораките се решава кои градинки или групи треба да бидат затворени и кои лица треба да бидат отстранети од процесот на работа, посочи министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска во одговорот на новинарско прашање за актуелната состојба со пандемијата и работењето на градинките, пренесува МИА.

Министерката Шахпаска појасни дека засега состојбата е под контрола и дека се почитуваат протоколите што, како што рече дава сигурност и обезбедува безбедна средина за децата.

– Од самиот ден на отворање на 311 објекти ние сме во тек и ја следиме состојбата на вработените. Имавме градинки кои не стартуваа со работа заради позитивен вработен градинката во Свети Николе. Како што се појавуваа позитивни случаи, така според насоките од епидемиолозите се отстранува од работата тие вработени. Се работи пред сè за персонал кој е вработен во градинките. Имавме и случаи кога неколку дечиња кои заради контакти или од дома, биле позитивни. Будно ја следиме нивната здравствена состојба и на сиот персонал кој бил на некој начин во контакт. Значи засега само еден воспитувач е хоспитализиран, со оглед на тоа што имал и други хронични состојби, рече Шахпаска

Таа апелираше на почитување на мерките, држење растојание од еден и пол до два метри, често миење идезинфекција на рацете и површините.

Во врска со барањата за продолжување на породилното боледување на мајките, таа нагласи дека во Владата се правени анализи и врз основа на нив е донесен заклучок дека мајките кои се на продолжено породилно боледување потребно е да се вратат на своите работни места.

– Со отворањето на градинките престанува потребата за седење дома. Кога има кој да ги згрижи децата, а велиме дека се создадени сите предуслови за безбедно згрижување согласно протоколите, децата треба да одат во градинка, бидејќи простор има. Нашата анализа на дневно ниво говори дека има простор и јаслите, од нула до две години каде согласно на протоколот сега веќе има 12 места за сместување на дечиња во иста група. Сметам дека родителите кои до сега користеле продолжено породилно боледување, како и сите останати граѓани кои се вработени треба да се вратат на своите работни места, рече Шахпаска.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ