• Latest

Најчевска: Важно е да се утврди коренот на дискриминацијата и да се реши проблемот, а не да ги лечиме симптомите

October 1, 2020

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Најчевска: Важно е да се утврди коренот на дискриминацијата и да се реши проблемот, а не да ги лечиме симптомите

October 1, 2020 14:33
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Јас многу јасно го искажав незадоволството од работата на Уставниот суд, за кој мислам дека сосема неоправдано и со многу погрешно читање на Уставот и законите го направи укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и би било само спекулација зошто тоа го направил и кој добил од тоа, меѓутоа факт е дека ја доведоа државата во ситуација да има еден вакуум во коешто немаше законска регулатива со која граѓаните би се штителе од дискриминација и тоа е недозволиво после толку години на борба за донесување на овој Закон и после толку години на постоење на ваква законска регулатива“, истакна професорката Мирјана Најчевска на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, во организација на ЦИВИЛ.

Најчевска истакна дека не треба да има различен третман кон луѓето поради одредена карактеристика меѓу која и да е етничката припадност, посебно кога станува збор за вработување во приватниот сектор.

„Тој кој вработува, доколку постои сомнение дека му дал предност на некого поради тоа што припаѓа на одредена етничка заедница, а не на друга, треба да докаже дека го вработил тој човек не поради таа причина, туку заради тоа што ги има соодветните квалитети, вештини, знаења и искуство кои се потребни за тоа работно место на кое и го вработил“, истакна Најчевска.

Најчевска истакна дека го избегнува зборот позитивна дискриминација, бидејќи истиот во себе содржи некаков вид на апсурд и дека го преферира зборот афирмативна, односно афирмативна акција кога се дава свесно предност на одредена категорија на луѓе кога станува збор за дискриминацијата.

„Сметам дека постои обид за нарушување на системот на слободна економија и дестимулација на натпреварот за квалитет. Прво, нашиот систем се базира на правата и слободите на индивидуата. На ваков начин ние ги внесуваме колективитетите како структура која е над индивидуата, односно го негираме граѓанскиот принцип и влегуваме во еден систем кој беше карактеристичен за едно друго поранешно политичко уредување. На ваков начин ги принудуваме луѓето да се искажат како дел од одреден колективитет, затоа што ако не припаѓаат кон одреден колективитет не можат да ги влечат бенефициите кои се поврзани токму и само со припаѓањето на тој колективитет. Второ, ова е спротивно на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства која е ратификувана од нашата држава. Во оваа конвенција има една многу интересна одредба – Секој припадник на одредена етничка заедница може во кој било момент да се откаже од припадноста на таа заедница и за тоа да не трпи негативни последици, дали од заедницата од која излегува или од заедницата кон која сака или има намера да се приклучи. Во случајов, доколку некој не сака да биде препознаен како припадник на одредена етничка заедница ќе трпи негативни последици и мислам дека Република Северна Македонија ќе се најде на тапет заради непочитување на оваа конвенција“, додаде Најчевска.

Според Најчевска, во нашата држава секогаш недостига расправа за оваа проблематика и дека повторно имаме нешто кое се наметнува одозгора.

„Немало расправи и разговори, немало јасни насоки кои би доаѓале како потреба која доаѓа од самите граѓани за воведување на ваква мерка, меѓутоа на некому горе во власта му текнало дека такво нешто треба да направи, од најразлични причини, а според мене тоа е најпрост партиски клиентализам кој се обидуваат партиите да го создадат, однеднаш наметнува една ваква мерка и тоа врз основа на паушални трвдења. Имено, нема анализи, статистички податоци, бројки од кои нема фактички податоци кои би ни укажале дека има проблем со вработувањето на различни етнички заедници во приватниот сектор. Дека има помалку приватни претпријатија кои вработуваат или во кои носител или раководителот е припадник на одредена етничка заедница, па дури и тие каде што само вработени се луѓето од одредена етничка заедница, значи немаме такви податоци и врз основа на што ние би превземале мерки доколку немаме фактичка ситуација или анализа од која би произлегло дека имаме проблем и сега државата треба да најде начин како да го адресира тој проблем“, додаде Најчевска.

Таа додава дека има афирмативна акција и во развиените западни земји кога станува збор за приватниот сектор.

„На многу итнересен начин се прави кога станува збор за дискриминацијата врз основа на пол, односно меѓу жените и мажите. Тие инсистираат сега, постои дури и една посебна европска директива која е насочена кон зголемување на бројот на жените во управните одбори, затоа што е дојдено до заклучок дека независно од нивото до кое доаѓаат жените при кариерното напредување постои еден таканаречен стаклен плафон кој не можат да го преминар. Поради тоа што постојат стереотипи и предрасуди кои оневозможуваат да дојдат до одредени повисоки позиции, независно од нивните квалификации. Во Франција е усвоена една афирмативна мерка со која се вика тогаш кога државата склучува договор со одредена приватна фирма предност ќе добие, покрај исполнувањето на условите од фирмите, онаа фирма што има поголем број жени во Управниот одбор и автоматски на тој начин посредно ги принудува и во приватниот сектор на ниво на управувачки позиции да го зголемат бројот на жените“, истакна Најчевска.

Според Најчевска потребно е да се најде коренот и проблемот со дискриминацијата и да се разреши тој проблем.

„Она што е многу важно, кога станува збор за дискриминацијата, е да се утврди каде е коренот и проблемот и да се разреши тој проблем, а не да се обидуваме да ги лечиме само симптомите, и на луѓето да им даваме само аспирин а тие треба да се лечат од рак“, додава Најчевска.

Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ