• Latest

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025 22:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, во фокусот се митинзите и средбите со граѓанлите и граѓаните со обраќањата на лидерите на најголемите партии, како и на кандидатките и кандидатите за градоначалници и носители на листите за Советите на општините.

ДУИ и ВЛЕН со осуда за инцидентот во Куманово

ДУИ и ВЛЕН се сложија околу една работа, и двете партии го осудија инцидентот во Куманово и побараа надлежните институции, МВР и Обвинителството да ги идентификуваат сторителите и да изведат пред лицето на правдата

Изет Зејнеловиќ од партијата Демократи: Само со работа, ред и визија можеме да го подигнеме Тетово

Кандидатот за градоначалник на Тетово од партијата Демократи, Изет Зејнелови преку соопштение до јавноста информира дека својата предизборна програма ќе ја води под мотото „Само со работа, ред и визија можеме да го подигнеме Тетово“. Тој информира за клучните проекти кои имаат за цел да го унапредат животот во градот, да создадат нови работни места и да го направат Тетово чист, уреден и економски силен град.

Азири: Билансот на Бујар Османи е нула за Чаир, сè за сопствената кариера и за пазарите на ДУИ

Портпаролот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Сабри  Азири, на прес-конференција уште еднаш ја отслика кариерата на кандидатот на НАИ за општина Чаир, Бујар Османи, набројувајќи ги неговите лаги и изедначувајќи ја неговата деценија на политичко дејствување со нула.

Филипче до Мицкоски: Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает

Вечерва од Гевгелија имам една порака за Христијан Мицкоски – Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает. Ова е наша татковина, наш заеднички дом и ние ќе се избориме за него, ние од СДСМ, ние коишто секогаш ја градевме државата во кризи, во несигурност, во време кога требаше храброст, а не популизам, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од вечерашната граѓанска трибина во Гевгелија во рамки на кампањата за локалните избори „Се бориме за нашиот дом“, на која беа претставени кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник, Миле Атанасов.

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се уште актуелен градоначалник на Охрид најави дека финализираат подготовките за почеток на реконструкцијата на делот кај споменикот на А. Ден Долард, попознат како Холандски парк.

Според Пецаков, се очекува реконструкцијата да започне наредните денови.

Апасиев на средба со граѓани во Неготино

Партијата Левица и претседателот Димитар Апасиев попладнево имаа средба со граѓани во Неготино. при што беше претставен Никола Ламбев, носител на советничка листа.

Д-р Трајановски: Две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките во општина Аеродром

Кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски посочи на еден од најголемите проблеми во општината – недостатокот на слободни места во детските градинки. Родителите со години се соочуваат со листи на чекање за упис во градинка и преголеми групи на деца во градинките и вети  две нови современи детски градинки предвидовме за следните 4 години – една во Мичурин со капацитет од 300 деца и една во Ново Лисиче со капацитет од 150 до 250 деца.

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево се обрати на народниот митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ тврдат дека се борат за нивниот дом, според нивниот слоган за изборната кампања, но не се знае за кој точно дом зборуваат дали оној на Халкидики ли оној во Дубаи, додека ДУИ зборува за теми од пред неколку децении, наместо за иднината, кажа Мицкоски.

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Неготино Петар Мантев, денеска оствари средба со претставници на НВО „Порака – Неготино“, здружение на родители на деца со ментален хендикеп, како и со Центарот за лица со попреченост.

На средбите во Неготино беше истакната јасната определба на СДСМ за инклузивност и еднакви можности за сите граѓани која што е внесена и во програмата на кандидатот за градоначалник, Петар Мантев.

Коњановски: Битола добива современа противпожарна станица, проект за безбедна иднина

Територијалната противпожарна единица во Битола е најстара на Балканот и датира од 1836 година. Овој факт сам по себе дава доволно голема тежина, изградбата на новата зграда да се нарече капитален проект, кој ќе им овозможи современи услови за нашите пожарникари, вели актуелниот градоначалник на Битола и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ

Бајрам Реџепи: Лажните ветувања се кошмар за жителите во населбата Вонвардарска

Кандидатот за градоначалник Бајрам Реџепи од Националната Алијанса за Интеграција информира дека вчера остварил средба со жителите на населбата Вонвардарска, со кои разговарале за недовршените општински проекти.  Реџепи најавува крај на овој модел на менаџирање на 19 октомври.

Герасимовски: Платите на хигиеничарите речиси двојно ги зголемивме, набавуваме и нова механизација за чист Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со вработените од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, задолжени за одржување на хигиената, со кои разговараше за условите во кои работат и идните планови за унапредување на нивната работа,

„На секаков можен начин се трудиме да покажеме почит кон овие луѓе кои ја вршат најтешката, но и најважната работа во општината и градот. Речиси двојно ги зголемивме платите на хигиеничарите изминативе години, повеќе од половината кои беа непријавени веќе се со регулиран работен однос, а наскоро и останатите ќе бидат пријавени,“ рече Герасимовски и додаде дека во програмата се планира набавка на нова механизација и опрема која ќе им ја олесни работата на хигиеничарите, ќе ја зголеми ефикасноста и ќе овозможи побрзо и поквалитетно чистење на улиците и јавните површини.

М. Д.

 

 

 

 

 

Tags: Локални избори 2025
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ