• Latest

СКЕН – политички магазин: Субвенционирање на приватни компании по партиско-етнички клуч

October 9, 2020
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СКЕН – политички магазин: Субвенционирање на приватни компании по партиско-етнички клуч

October 9, 2020 12:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали предлогот за субвенционирање на приватни компании кои ќе помогнат во еднаквата етничка застапеност при вработување е нужна потреба или политички популизам, е тема на ова издание на политичкиот видео магазин СКЕН.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Владата ќе го поттикне и ќе соработува со бизнис секторот за да се поддржат добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба, додавајќи дека субвенции ќе има по работни места, а не по тетнички клуч.

Вицепремиерот Артан Груби најави субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на другите етнички заедници во земјава, но рече дека не е познато како тоа ќе се реализира.

И министерот за економија Крешник Бектеши тврди, дека државни пари ќе има за сите приватни фирми што ќе вработат лица од друга етничка припадност.

Професорката Мирјана Најчевска посочува дека не треба да има различен третман кон луѓето поради одредена карактеристика меѓу која и да е етничката припадност, посебно кога станува збор за вработување во приватниот сектор.

За ВМРО-ДПМНЕ субвенционирањето на приватни компании за вработувања по етнички клуч е неприфатливо.

Висар Адеми смета дека со овој начин на субвенционирање се враќаме во времето на режимот на Никола Груевски, односно дека вработувањата ќе се прават со партиски клуч. Тој посочува дека треба да се регулира пазарот, претприемачите да мислат слободно и да не му се наметнува партиски кадар.

Лидерот на Беса, Биљал Касами во интервју за ТВ21 во емисијата „Click Plus“ рече дека ако е за популизам, тој ќе каже дека приватните компании треба да работат на правична застапено, но дека во реалноста ситуацијата е друга.

Лиса Баута Шаќири смета дека проблемот е повеќе општествен отколку што е политички или економски и дека субвенционирањето не смее да се прави по етнички клуч, бидејќи во обид за спречување на дискриминација, се служиме со друга дискриминација.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа, односно професионалноста треба да биде клучен критериум.

Новинарот Рамуш Муарем Цирко, вели  дека издвојувањето на етничката припадност во вработувањето не може да се смета како афирмативна и дека тоа се коси со Уставот на државата.

Јована Тренчевска од Министерството за труд и социјална политика, на панелот на ЦИВИЛ „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, вели  дека  во моментов, во државата немаме една заокружена законска регулатива, којашто ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности, и затоа, во програмата на владата за 2024 година, еден од високите приоритети е токму донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација.

„Трета мајка“ за Законот за заштита од дискриминација. Дали конечно ќе биде изгласан…

Дијана Тахири / Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
камера: Атанас Петровски

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ