• Latest

ЕК: Да се зајакнат административните и оперативни капацитети за сите видови транспорт

October 12, 2020

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЕК: Да се зајакнат административните и оперативни капацитети за сите видови транспорт

October 12, 2020 09:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на транспортот. Остварен е ограничен напредок, но само во однос на поврзаноста. Потребна е зголемена политичка посветеност за спроведување на неопходните секторски реформи и повеќе напори за зајакнување на административните и оперативните капацитети за сите видови транспорт. Нема напредок во завршувањето на клучните реформи во секторот и препораките од 2019 година остануваат исти, наведува Европската комисија во поглавјето 14 – транспортни политики од Извештајот за напредокот на државава.

Според препораките на ЕК, државава следната година треба да го зајакне оперативниот и административниот капацитет на инспекциските тела и да ги намали жртвите  во патната  и  железничката инфраструктура. Да спроведе реформски мерки во железницата и во отворање на пазарот на железнички транспорт, како и да воспостави национален систем за постојано собирање податоци за сообраќајни несреќи и да ги финализира договорите  и протоколите за граничните премини. Се препорачува и да се донесе законодавство за интелигентни транспортни системи (ИТС) и комбиниран транспорт и да се вложат дополнителни  напори за  создавање стратешка рамка за примена  на ИТС и основните мрежи.

Како што стои во извештајот, воспоставени се општото законодавство за транспорт, клучните стратешки документи за транспорт и неговите потсектори, но Националната стратегија за транспорт 2018-2030 сè уште нема сооодветен акциски план.

-Немаше напредок во зајакнувањето на оперативниот и административниот капацитет за сите видови транспорт. Законот за истраги на воздухопловни и железнички несреќи е веќе во сила. Сепак, се уште има одложувања во формирањето независно тело за истраги на железнички несреќи. Потребни се дополнителни напори за спроведување на законодавството на ЕУ во делот на правата на патниците во сите видови транспорт. Потребни се и понатамошни напори за целосно транспонирање на Директивата за интелигентен  систем за транспорт (ITS) и воведување  релевантни национални закони. Потребна е и целосна стратегија за ИТС со придружни ресурси. Законската рамка за патен транспорт е во голема мера усогласена со законодавството на ЕУ, а со него е усогласено и законодавството за опасни материи, стои во Извештајот.

ЕК констатира и дека не е постигнат напредок во проценката на сообразноста на постојната опрема за транспорт на опасни материи. Потребни се, укажува, дополнителни напори за усогласување со социјалното и безбедносното законодавството на ЕУ, како и за воспоставување на национален систем за континуирано собирање на податоци за сообраќајни несреќи. Акциските планови за инспекција на безбедноста на патиштата и ревизијата треба да се следат и спроведуваат, укажува ЕК.

Препорачува Транспортниот инспекторат  да ги зајакне своите технички капацитети за  работа.  Потребно е и понатамошно усогласување  во делот на казните за непочитување на Европскиот договор за работа на екипажот на возила во меѓународниот патен транспорт (AETR).

Од ЕК наведуваат и дека не е постигнат напредок во транспонирањето на законодавството за чиста енергија и енергетски ефикасни возила за патен транспорт и интелигентни транспортни системи, како и за одобрување на петгодишните планови за одржување на патишта и железница.

-За железничкиот транспорт, главниот услов од законодавството на ЕУ – да го направи националното управување со инфраструктурата независно од државната железничка компанија е исполнето. Железничкиот сектор во земјата сè уште треба да се трансформира и има одложувања во одвојувањето на сметките за патничките и товарните работи. Натамошното усогласување и транспонирање на големи делови од законодавството на единствената европска железничка област беа одложени. Не беше постигнат напредок во отворањето на железничкиот пазар кон источниот коридор, наведува ЕК.

Оттаму наведуваат дека законодавството за безбедност на железницата е усогласено, но потребни се понатамошни напори за правилно спроведување. – Договорот за прекугранична железничка соработка со Грција треба да се потпише, а тој со Косово целосно да се спроведе. Се уште не е формирано тело за истраги на несреќи. Во ноември 2019 година, железничките власти ја потпишаа Декларацијата за европска култура за безбедност на железницата, која има за цел да ја подигне свеста и да промовира позитивна култура на безбедност во целата индустрија, стои во Извештајот.

За авиосообраќајот, пак, се наведува дека државава има добро ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ и делумно се усогласила со законодавството за безбедност.

-Со поддршка од ЕУ Агенцијата за цивилно воздухопловство  ги исполнува барањата од Европскиот договор за заедничко воздухопловство.  Усогласувањето и спроведувањето на законодавството за единствено европско небо треба да бидат проверени од Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA). Потребни се дополнителни напори за олеснување на стандардизациските инспекции на EASA, нагласува ЕК.

Во делот од поглавјето за комбинираниот транспорт стои дека е потребен напредок во за поставување мултимодален јазол во близина на Скопје и за усвојување на специфично законодавство усогласено со правилата на ЕУ.

Извор: МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ