„Треба да стенеме дел од Европа, оти сами не нè бива. Без Европа само ќе тонеме и пропаѓаме“, вели еден граѓанин од Велес на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали нашата држава заслужува да биде дел од европското семејство и дали ги исполнува условите?
Друг граѓанин вели дека Северна Македонија треба да биде дел од ЕУ, бидејки би имал плата колку еден европеец и тогаш нема да го интересира политика.
„Кога ќе имам плата од 2.5 илјади евра како во Европа нема да ме интересира кој е претседател на државата, или да бидам партиски определен…“, вели тој.
Дел од граѓаните на Велес сметаат дека правосудниот систем треба да се поправи и дека корупцијата ќе се елиминира само доколку Северна Македонија стане земја членка на Европската унија.
Мелиса Муриќ
камера, монтажа и обработка на текст: Дехран Муратов