• Latest

Пендаровски: Невладиниот сектор треба побудно да ја следи и да ја критикува работата на политичарите

October 17, 2020
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Невладиниот сектор треба побудно да ја следи и да ја критикува работата на политичарите

October 17, 2020 09:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на третиот Национален форум на граѓански организации, во организација на Цивика мобилитас, програма на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, спроведувана од НИРАС (Данска) и МЦМС.

Истакнувајќи дека е почестен што е меѓу долгогодишни граѓански активисти кои се водени од визијата за слободно, праведно и инклузивно општество втемелено врз демократски развој, еднаквост, владеењето на правото и соживот, претседателот Пендаровски во своето воведно обраќање се осврнал на три теми, односно деполаризација, отворено општество и младите.

Во таа насока, претседателот Пендаровски посочил дека веќе подолго време македонското општество е високо поларизирано, по речиси секоја основа – меѓуетничка, внатреетничка, политичка, идеолошка и економска.

-Се почесто се фокусираме на она што не раздвојува, а притоа како да го занемаруваме она што не поврзува и што не држи заедно. Политичката дебата се сведе на деградирање на политичкиот противник. Дури и при вработувањето, се почесто слушаме дека предност се дава на партиска или етничка припадност на кандидатите, наместо на нивниот карактер, образование и вештини. Ова дополнително го забрзува одливот на млади, висококвалификувани луѓе, подвлекол претседателот Пендаровски.

Ако сакаме да го деполаризираме македонското општество, додал Пендаровски, треба да се фокусираме на неколку клучни прашања, односно владеење на правото, поголема политичка одговорност и деполитизација на општеството и деетнизација на политиката.

Осврнувајќи се на темата за отворено општество, тој истакнал дека општество во коешто се толерира омраза кон која било заедница, кон кој било поединец, го губи моралниот кредибилитет.

-Не може да се гради отворено, слободно и праведно општество врз нетрпеливост или омраза кон различните. Тоа не смее да се сведе само на празна и политички коректна реторика, туку општество во кое луѓето искрено ќе се почитуваат, вели Пендаровски и додава дека деполаризацијата и создавањето на слободно општество се неопходни ако сакаме да ги задржиме младите.

-Институциите на државата мора да најдат начин не само внимателно да ги слушаат младите, туку и да ги вклучат младите во креирањето на политиките и носењето на одлуките. Тоа треба да се прави низ отворен дијалог за тоа какво општество сакаме да изградиме не за нас, туку за нашите внуци, заклучил претседателот Пендаровски.

Во фокусот на прашањата на граѓанските организации беа темите за неказнивост на високата корупција, ветингот на судиите и прочистувањето на судството за што Пендаровски рекол дека е неопходно секоја институција да работи транспарентно. Говорејќи на оваа тема, како што кажал тој, нашата држава има солидна законската легислатива, но дека е селективна имплементацијата на законите.

-Ние и натаму имаме култура на неказнивост на високи функционери и за тоа, не треба да бараме вина само во судството или во судиите. Не треба да го тргаме фокусот и од нас, политичарите“, посочил претседателот Пендаровски.  

Меѓу прашањата на граѓанските организации, имаше и за големата бројност на јавната администрација, што претставува товар за државниот буџет. Во овој контекст претседателот тој рекол дека е скептичен оти ќе се намалува бројот од околу 140 илјади вработени во администрацијата.

Во однос на долгоочекуваниот старт на преговорите со Европската Унија, граѓанските организации побарале одговор од претседателот Пендаровски во однос на составот на тимовите и политичкиот консензус по ова прашање.

-Мора да направиме заеднички тимови на преговори и со невладиниот сектор. Нам ќе ни требаат над стотина подгрупи за преговори и ако сакаме да фатиме приклучок во преговорите, ќе мора да го собереме сиот ум во земјава. Граѓанските организации долго време беа третирани како непријател на државата, не сфаќајќи дека нивното искуство и знаење може на сите да ни биде од корист во процесот на преговори со ЕУ, потенцирал претседателот Пендаровски.

Говорејќи за состојбата на Ромите, на лицата со попреченост, за родовите прашања, претседателот Пендаровски истакнал дека секој поединец, секоја институција може да придонесе со свој пример.

Адресирајќи го проблемот на регулација на интернет порталите, организациите коишто работат во полето на медиумите и медиумските слободи го прашале претседателот Пендаровски за можните модалитети за саморегулација на медиумите.

-Не чекајте. Ако не се саморегуларите, некој друг ќе ве регулира и ќе немата право на слободно изразување. Не дозволувајте државата да ве регулира, им порачал претседателот Пендаровски.

Во однос на важноста на граѓанските организации и нивната улога во општеството, Пендаровски рекол дека би сакал да види поголем активизам од нивна страна. Бидејќи, како што додал, има чуство дека во последните неколку години како да спласнува интензитетот на работата на невладиниот сектор. Очекувам, потенцирал шефот на државата, повеќе и почесто да ја критикувате нашата работа.

Инаку, на националниот форум секоја година граѓанските организации се среќаваат со претставници на државните институции и дискутираат за  досегашните искуства и можности за соработка за прашања од заемен интерес. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ