• Latest

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на откривање на спомен обележјето на Тоше Проески во Крушево

October 17, 2020

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на откривање на спомен обележјето на Тоше Проески во Крушево

October 17, 2020 11:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски присуствуваа на откривање на спомен обележјето на Тоше Проески и положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, соопштуваат од Владата на РСМ.

Посебен момент и големо значење на настанот дадоа и маратонците кои трчаа од Табановце преку Скопје до Крушево за да одадат почит на музичкиот великан Тоше Проески.

Во продолжение Ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Зоран Заев во целост:

„Денеска сме тука за да поклониме пред вечното почивалиште и спомен обележје на нашиот голем сограѓанин и интернационално прифатен естраден уметник – Тоше Проески, како наша должна почит за момчето со големо срце кое беше преполно со љубов, добрина, хуманост, верба, човечност и бескрајна посветеност и верност кон музиката.

Му оддадовме достојна почит на нашиот Тоше пред реализираното идејно решение на неговото вечно почивалиште, кое се оформи како конечно низ постојана комуникација и консултација со родителите на Тоше.

Од денеска натаму сите ние, како и сите фанови на Тоше од другите земји, ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште кое како симбол ја одразува искрената религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој тој ја споделуваше и преку неговата музика.

Тоше на најдобар можен начин, успеа да го обедини Балканот. Онака како што треба, успевајќи со својата искрена желба, неповторлива харизма и со своите безвременски песни да ги премости сите навидум непремостиви нешта. Тоа е нашата македонска гордост, кој со својот ангелски глас и непосредност, полнеше стадиони, плоштади и сали, каде и да се појавеше.

Огромното влијание и споменот на неговата силна личност и исклучителен талент, никогаш не ги оставија без посетители неговото гробно место и спомен куќата, но од денеска натаму имаме вечно почивалиште и спомен дом достојни за големината на Тоше.

Загубата на Тоше Проески со ништо не може да биде надоместена. Но, затоа е тука вечното сеќавање на благородната душа која со своите постапки и со своите песни обележа цела една епоха од нашето културно и естрадно творештво.

Беше Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Голем хуманист кој заслужено ја доби наградата „Мајка Тереза”, бидувајќи до крај доследен на неговата изјава: „блажена е душата што дава”. Тоа е нашиот Богољубив Тоше Проески. Зад него останаа да се прераскажуваат убавите приказни за манастирот Свето Преображение во Крушево, за Клиниката за детски болести, за сите негови хуманитарни концерти и животни епизоди полни со човекољубие и милосрдие.

Затоа треба да сме му бескрајно благодарни, да го чуваме неговото дело и да го пренесуваме на идните поколенија, кои гордо ќе го спомнуваат и ќе ги пеат неговите песни. Дури и сега кога светот се соочува со огромни предизвици и искушенија, треба да знаеме дека и ние сме дел од тој свет, па да ги ползуваме стиховите од песната „За овој свет” со која Тоше ни  порачува: „За овој свет, еден и единствен, треба сѐ да сториме, само тој го имаме”.

И ако светот се соочува со проблеми кои имаат свои импликации и во нашето општество, треба да знаеме дека еден ден тие ќе поминат. Но, она што треба да не загрижува, е се поголемото отсуство на љубов меѓу луѓето. Во ваква состојба треба да си спомнеме на Тоше и на неговите често изговорени зборови „Ве сакам сите”. Треба да ги собереме плодовите од семето на љубовта што го посеа Тоше на оваа македонска почва. Земајќи го урнекот за љубовта од него, ќе можеме да ги победиме и омразата, и поделеноста и злото, наталожени во душите низ годините наназад.

Тоше никогаш ниту физички, ниту духовно не го напушти Крушево, иако заради неговата интернационална кариера му беа отворени вратите на сите позначајни музички метрополи.

Таа негова присутност е силна и денеска и духот од песните и споменот на Тоше денеска се дел од препознатливата иконографија за Крушево, полно со историски знаменитости и современи атракции кои го направија градот важна и посакувана дестинација во меѓународни рамки.

Голема заслуга и благодарност за тоа му припаѓа и на нашиот Тоше Проески, а наша обврска останува и понатаму достојно да му се оддолжиме за неговиот придонес со постојано сеќавање на неговите музички и хуманитарни остварувања.

Нека ни е вековит споменот за ангелот македонски“.

Линк до видео од обраќањето на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ