• Latest

Првиот контингент на Армијата на Северна Македонија испратен во мисијата КФОР на Косово

October 17, 2020

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Првиот контингент на Армијата на Северна Македонија испратен во мисијата КФОР на Косово

October 17, 2020 15:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, со 44 нејзини припадници,  ќе учествува во мисијата КФОР во Косово. Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.

Со присуство на највисокиот воен и државен врв во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше одржана воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисија на КФОР.
-Пред нас можеме да ја видиме нашата НАТО Армија, пред нас се 44-мина, посветени мотивирани и храбри припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои рамо до рамо, еднакви помеѓу еднаквите ќе го покажат сето она што го знаат и сите оние вештини и знаења пред своите колеги од сојузничките земји во мисијата КФОР, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната свеченост по повод испраќањето на првата ротација од нашата Армија во рамките на мисијата на НАТО на Косово.

Покажавме, истакна Шекеринска, кои се нашите квалитети на многу далечни места и од сега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО, како што додаде, значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата, но ние тоа членство го чувствуваме како голема одговорност.

-Ние покажавме дека ги споделуваме истите вредности како и Алијансата уште од 2007 година кога започнавме со логистичка поддршка на оваа НАТО мисија, рече министерката и дополни дека сега на оваа поддршка додаваме нова вредност – нашите припадници, искусни, мотивирани, опремени и подготвени да дадат суштински придонес кон силите на КФОР.

Претседателот на државата Стево Пендаровски посочи дека ова наше учество во мисија предводена од НАТО е јасен показател за нашата намера да бидеме активен и ангажиран член на Алијансата и за нашата намера да придонесуваме за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

-Не постои ниту една моја средба во сите овие години со високи претставници на НАТО, и цивили и генерали, на кои тие не зборуваа со посебен респект за квалитетот на македонските контингенти и во Авганистан, каде што го чувавме седиштето на мисијата во Кабул и за нашето учество во борбени мисии од кои многу наши војници се вратија со највисоки странски одликувања за покажаната храброст, рече Пендаровски.

Иако сме членкa на НАТО од март годинава, како што истакна, нашиот рејтинг во Алијансата е висок, а заслугата ви припаѓа, пред сè вам, почитувани војници и старешини, затоа што во континуитет покажувате врвна професионалност и целосна посветеност на оваа благородна професија.

-Иако времето е кусо, придобивките од членството во НАТО се веќе видливи во покажаната солидарност за време на пандемијата, како и во заедничкото спротивставување на хибридните закани кои стануваат се повидливи. Се разбира, никој нема илузии дека членството во НАТО ќе ги реши сите наши проблеми, но, без сомнение, станува збор за клучна претпоставка за понатамошен развој и просперитет на земјата,рече Пендаровски.

Вашата мисија, како што истакна шефот на државата, има и додадена вредност, затоа што одите во земја која е наш сосед и пријател и со која не врзуваат длабоки историски, културни и економски врски. Верувам дека присуството  на македонскиот контингент на Косово уште повеќе ќе ги продлабочи тие односи.

Премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод испраќањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово истакна дека оваа мисија има посебно значење бидејќи нашата Армија за прв пат директно учествува во мисија како 30-та земја членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот.
Тој додаде дека пред упатувањето во оваа мисија припадниците на првиот контингент на Армијата што заминува да исполнува задачи во мисијата КФОР на Косово, поминаа низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбуваа и обучуваа за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата.

-Армијата на Република Северна Македонија, синонимот и чуварот на македонскиот суверенитет и државност, ја докажа својата подготвеност, интер-оперативност и способност за извршување на најтешки задачи, во досегашното 18 годишно учество во мировните мисии „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мисиите „Слобода за Ирак“, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина“ и „Унифил“ во Либан, рече Заев.

Премиерот Заев посочи дека Северна Македонија е целосно посветена на своите обврски како нова земја-членка на НАТО, вклучително и во поделбата на товарот, и придонесува како достоен сојузник. Ќе продолжиме да се вклучуваме во операциите и мисии на НАТО и да се прилагодуваме на безбедносните приоритети.

-И покрај предизвиците за економијата поради пандемијата, остануваме доследни на исполнување на обврската да го зголемиме буџетот за одбрана за 0,2% и да достигнеме 2% од БДП до 2024 година.Важен дел од ова издвојување, околу 50%, се за подобрување на стандардот на професионалците од Армијата, 30% се предвидени за повеќе и подобри обуки и тренинзи, а околу 20% се наменети за модернизација на Армијата, рече тој.

Според него, со тоа ќе ги зајакнеме капацитетите и можностите на нашата армија со подобрување на професионални стандарди на нејзините припадници, и со тоа ќе го зголемиме нашиот придонес за интер-операбилност со другите сојузници во НАТО.

Првиот контингент се состои од  44 припадници кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад. Нашиот придонес ќе продолжи да расте во тек на 2021 година – веќе во следната ротација, планот е бројот на припадници во КФОР да се зголеми на над 60 припадници, а од идното лето заедно со нашиот долгогодишен партнер Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци да се зголеми со над 100тина припадници на Армијата. Вкупно од идното лето во мисијата КФОР ќе придонесуваат околу 180 наши војници, подофицери, и офицери.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ