• Latest
Саем на невладините организации, Цивика Мобилитас,  Скопје, Градски парк, октомври 2020 година

ЦИВИЛ учествуваше на „Денот на граѓанското општество“ во организација на Цивика мобилитас

October 17, 2020

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ учествуваше на „Денот на граѓанското општество“ во организација на Цивика мобилитас

October 17, 2020 16:39
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Саем на невладините организации, Цивика Мобилитас,  Скопје, Градски парк, октомври 2020 година

Саем на невладините организации, Цивика Мобилитас, Скопје, Градски парк, октомври 2020 година

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска беше дел од „Ден на граѓанските огранизации“ во организација на ЦИВИКА Мобилитас со презентација на своите активности преку информативен штанд, но и со активна работа на медиумската екипа на теми поврзани со европски перспективи, обединување на различноста, антинационализмот.

На Школка и околу неа се претставија околу осудесетина организации. Граѓаните имаа можност да придонесат кон мноштвото донаторски активности за храна и облека, учествуваа во квизови, се информираа за почиста животна средина, за демократските и европски вредности, човековите права…

Програма на фестивалот е разновидна, а годинава е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19.

Животната средина и климатските промении овој пат ќе бидат застапени преку презентации и квизови, а дел од организациите, своите настани ќе ги посветат на здравјетопреку презентација за самопреглед на дојка, тестирање за ХИВ, до активности за заштита на менталното здравје и арт терапија.

Според министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска учествуваше на дебата на фестивалот, граѓанските организации остануваат силен партнер на Владата во носењето на сите важни одлуки. Тоа, како што рече, било така и изминатиот период кога се носеле мерки за справување со здравствено социјалната и економска криза предизвикана од Ковид-19.

-Граѓанските организации и партнерите брзо се реорганизираа со појавата на пандемијата. Целиот изминат период со граѓанските организации и инспекторатите имавме успешна координација и тоа придонесе за заштита на работните места. Владата покажа дека носи мерки во заштита на здравјето на граѓаните. Се прави баланс меѓу заштитата на здравјето, но и течење на останатите процеси како економијата, образованието и другите процеси, рече Царовска.

Министерката ги повика граѓанските организации да се вклучат во креирањето и поддршката на реформските процеси за квалитетно образование.

На фестивалот денеска свое обраќање имаше и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, која посочи дека годинава фестивалот е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19 и многу е важно да се прикаже солидарност.

– Оваа година фестивалот е посветен на одбележување на придонесот на организациите на граѓанското општество во борбата против Ковид-19, исто така да се сетиме на сите оние кои го загубија животот од коронавирусот но и да покажеме дека организациите на граѓанското општество ќе продолжат со својата редовна работа и ќе се придржуваат на приоритетите на своите програми, рече амбасадорката.

Таа додаде дека годишниот фестивал на Цивика мобилитис собира рекордни 86 организации на граѓанското општество, и со толку голем број се покажува дека е возможно да се почитуваат мерките за безбедност додека се прикажува работата и активностите на организациите на граѓанското општество.

Најважно, според неа, е дека е можно за организациите на граѓанското општество да стапат во директна комуникација со граѓаните, да го прошират своето членство, и да ја зголемат поддршката на својата работа.

На настанот учествуваше и Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Претседателот на државата.

„Ден на граѓанското општество“, што Цивика Мобилитас го организираше на отворено, со максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19 на отворено, беше одлична можност за промоција на граѓанските организации, но и нивно меѓусебно запознавање, па и соработка.

И покрај пандемијата, сепак, се покажа дека граѓанското општество не замре, напротив, уште повеќе се активираше во насока на промовирање и поттик за јакнење на јавната свест и активно граѓанско учество во сите сфери на општеството.

ЦИВИЛ со своето присуство ги потикна претставниците на граѓанските организации да проговорат за теми поврзани со нивните клучни успеси, но и планови за иднина, како и теми кои во дадениот момент се од исклучителни важни во оптествениот и политичкиот дискуср. Тимот на ЦИВИЛ разговараше со учесниците на теми европски перспективи, антинационализам, обединување во различноста…

„На „Денот на граѓанското општество“, во организација на Цивика мобилитас присуствуваа повеќе од 70 организации и инцијативи. На денешниот ден, токму од оваа локација, ЦИВИЛ како организација што веќе една деценија развива една комплексна медиумска платформа, им посочи на нашите колешки и колеги, другарки и другари од граѓанскиот сектор дека  оваа платформа е и нивна. Тоа е наша заедничка медиумска платформа на која може да се објават сите содржини за кои тие сметаат дека можат да најдат место во јавноста. Секое соопштение, став, коментар или прашања во врска со нивните проекти и нивните интереси, сето тоа се материјали кои можат да најдат место секојдневно на нашата медиумска платформа“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Д. Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ