• Latest

Штипска политичка есен

October 19, 2020

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Штипска политичка есен

October 19, 2020 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Ние во Штип имаме кадри за секоја влада без разлика кој ќе ја прави е легендарна изјава на еден поранешен министер од Штип.

Колку тоа денес е актуелно , во пресрет на изборите за градоначалник на Штип,  е тема викендов ако се прошеташ и малку поседиш во култните кафени во Штип. Во една летна бавча каде на кафе муабет се собираат разни бизнисмени, луѓе од службите, вечни аналитичари,  кафе пиеше министерот за здравство Филипче. Како што е редот, околу него пратеници и лица од власта. Причината за посетата  е разбирлива ако се земе во предвид дека капацитетот на инфективно одделение, каде се болните од корона е пред потполна пополнетост.

Таква логика немаат оние што ги следат собитијата деновиве во Штип. Љубопитните погледи и анализи на движењето на рацете и изразот на лицето на министерот веќе заклучија – докторот ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип. Растегливите бројки од анкетите веднаш се стават во погон и се потврдува заклучокот – двојно води докторот пред другите кандидати од СДСМ и пред можните конкуренти од ВМРО. Никој, ниту ја потврдува констатацијата, ниту ја демантира и за неколку часа усвитеност на месинџер и вибер, работата е дотерана до Заев и неговата одлука за тој кандидат. Во следната летна бавча седат партиски функционери од втор и трет ранг на СДСМ и веќе имаат и други инсајдерски информации.

Докторот не е расположен за прифаќање на новата должност и ќе биде друг доктор кој исто има висок рејтинг според анкетите. И овде се прави длабока анализа и се тврди дека работата е завршена и само уште  Заев идната недела на онлајн конгресот да ја потврди одлуката. Увереноста дека нивниот кандидат ќе победи ја поткрепуваат и со нивните сознанија за противничкиот кандидат кој имал низа слабости .

И овде се споменуваат анкети за чија веродостојност секој знае, ама не може да ја потврди со сигурност.

Сончевиот саботен ден дава можност човек да се прошета низ улиците на Штип и да влезе во летните бавчи, каде може да слушне разни вистини. Во друштво на актуелни членови на општинскиот комитет на ВМРО се води разговор, кој од познатите челници од централниот штаб веќе од утре ќе се сели во Штип и ќе го води целиот процес. Веќе се знае и датумот од кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, ќе се пресели во Штип.

И овде се зборува за можни кандидати за градоначалник. Како и каде себеси се гледа во близината на кандидатот за градоначалник така го фаворизира тоа лице. Тема е, со кого потпретседателот Николовски во средата разговарал и што е резултатот. Едни велат дека е завршена работа кандидатурата на поранешниот градоначалник од нивната парија, други велат побарал една недела да размисли, а трети, пак, сосем го отфрлаат како кандидат и ја развиваат тезата дека челникот на актуелното раководство е сигурен кандидат. Тоа ќе било потврда на рејтингот на партијата, зошто власта со толку многу афери е со мали шанси да ги добие изборите.

На спротивната страна на улицата, портпаролот на партијата, Стоилковски, пред камерите образложува што сѐ не направил поранешниот градоначалник од СДСМ, а ветил и дека мора да се прекине владеењето на корумпираната власт. Секоја страна со свои анкети, со свои аргументи, со свои интереси. Политиката,  всушност, во наши услови и е токму тоа – збир на лични и заеднички интереси на учесниците во политичкиот живот. А што велат граѓаните на Штип на кои им е преку глава од сите овие комбинаторики.

Молчат и следат колку нивни сограѓани се нападнати од короната, коментираат дали треба да се носат маски и што на Фејсбук некој доктор од некој белосветски институт напишал. За изборот на градоначалник малку зборуваат, знаат дека кој и да победи ќе биде тоа политичка победа, а не избор на проекти што кандидатите ќе ги предложат како програма и тешко дека за девет месеци мандат нешто ќе може да спроведе од проектите што ќе ги вети.

Мнозина не сакаат да се трошат пари, за избор на мандат што ќе трае толку кратко и не се согласуваат со тоа дека така е по закон, кога толку пати политичарите наоѓале начин да се прекрши законот. Еден познат професор на правниот факултет коментира дека во законот за локална самоуправа стои дека изборите се секоја четврта година во мај, а тој закон сѐ уште е на сила. Кога ќе влезеш во погрешен воз, секоја следна станица е погрешна – е неговата констатација.

Во неделата, разговорите за кандидатите стивнаа. Сега е тема,  ќе има ли воопшто избори со ваков број заболени и ќе биде ли тоа причина опозицијата да не излезе на 13 декември, кога е првиот круг за избор на градоначалник на Штип.

Следниот викенд ќе имаме нови теми и нови размислувања за нив.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ