Серијата разговори за европските вредности ја продолжуваме со Жаклина Мучева, од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
„Зошто Европа е прашање за кое мислам дека сите граѓани убаво да го размислат бидејќи земја како нашата, мала, која што нема многу големи потенцијали, можеби и недоволно искористени треба да се придружи во едно поголемо семејство. Тоа ветува прогрес, развој, размена на луѓе и сè она што значи просперитет“ изјави Жаклина Мучева, од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Б. Ј.
камера: Д. Муратов
монтажа: А. Мехмети