• Latest

Ребалансот донесен, почнува реализацијата на четвриот пакет мерки

November 4, 2020

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ребалансот донесен, почнува реализацијата на четвриот пакет мерки

November 4, 2020 10:02
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ребалансот на буџетот ја помина собраниската процедура и го отвори патот за спроведување на мерките од четвриот пакет мерки. Дел од мерките може веднаш да се реализираат, за дел ќе треба, и покрај носењето на ребалнсот, да се чекаат законските решенија со кои се уредени, а кои, исто така, се во собраниска процедура, пренесува МИА.

Поддршката со ребалансот тежи 470 милиони евра. Наменета за граѓаните и стопанството со цел да се ублажи влијанието од корона-кризата.

Предвидени 4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари,во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата, 1,6 милијарди денари за инансиска поддршка за ранливи категории погодени од COVID-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај
погодениите сектори, 412 милиони денари за Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, 9,8 милиони денари за поддршка на дејноста туристички водич, регистрирани како самостојни вршители на дејност, 120 милиони денари за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања, 66,85 милиони денари поврат за Викенд без ДДВ, 799 милиони денари за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, со што се нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

За мерките ќе може да се аплицира од почетокот на следната недела,  најави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Треба да се усвои ребалансот на Буџетот, а во текот на оваа недела ќе се изгласа и Законот за финансиска поддршка за исплата на плати. Од следната недела компаниите ќе може да аплицираат, не само за оваа мерка, туку и за останатите мерки имајќи предвид дека голем дел од мерките се спроведуваат преку програми кои што треба да ги донесе Владата и за нив треба да бидат објавени огласи, рече Бектеши.

Неговата оценка е дека мерките не се задоцнети и дека поддршката ќе стигне навреме.

Од Управата за јавни приходи, која ќе ја спроведува мерката за поддршка на платите, очекуваат дека предлог-законот за оваа мерка кој е во собраниска процедура ќе биде донесен во најкраток можен рок и ги повикуваат работодавачите кои имаат можност да ја исплатат платата,а по донесување на законот ќе имаат можност да поднесат барање и да направат корекција на образецот за користење на финансиска поддршка. .

– Имајќи го предвид фактот дека законот се уште не е донесен, како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите, наведуваат од УЈП.

Барањето за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати, појаснуваат, ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци, a УЈП во рок од три дена ќе ја провери и потврди комплетноста на барањето.

– Управата за јавни приходи, го подготви системот е-Даноци за поднесување Барање за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати и веднаш по донесувањето на законот и подзаконскиот акт, на интернет страницата, ќе го објави образецот Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците ќе го постави на системот е-Даноци за непречено поднесување од страна на работодавачите, појаснуваат од УЈП.

Ребалансот обезбеди и финансиска поддршка за децата без родители, мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, изградба на дел од третиот крак за водснабдителен систем во село Липково и водоснабдување во Мала Речица, довршување на филтер станицата во Штип и Карбинци, реставрација на мост во село Уланци, дополнителни средства за одржување археолошки локалитети и средства за организација на резервни офицери.

Ребалансот беше донесен синоќа по петдневна расправа, колку што предвидува собранискиот Деловник.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ