• Latest

Заев и Борисов разговараа со Меркел, целта е да се одржи првата меѓувладина конференција во декември

November 5, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Борисов разговараа со Меркел, целта е да се одржи првата меѓувладина конференција во декември

November 5, 2020 08:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев вчера телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, при што бил споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Заев изразил благодарност за зголемениот ангажман на германското претседателство со ЕУ, за личното вклучување на министерот за надворешни работи Хајко Маас, на државниот министер за ЕУ Михаил Рот, како и за личниот ангажман на канцеларката Меркел,

Премиерот за време на разговорот истакнал дека СР Германија направила многу за европската иднина на Западен Балкан, вклучително и преку Берлинскиот процес со којшто годинава претседаваат заедно Република Бугарија и Република Северна Македонија.

„Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Премиерот Заев истакна дека тоа е шанса која не треба да биде пропуштена и дека интензивниот ангажман на вклучените страни создава можности за остварување на заедничката цел – одржување на меѓувладината конференција за почеток на преговорите“, се вели во соопштението од Владата.

Во врска со ситуацијата со КОВИД-19 во нашата земја, премиерот Заев информирал дека сите капацитети на државата се ангажирани во справувањето со пандемијата и се заблагодарил за помошта од СР Германија и од ЕУ, за медицинскиот и заштитен материјал, како и за финансиската поддршка која ја покажува солидарноста на ЕУ со земјите од регионот и со Западен Балкан во целина.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на вчерашната прес конференција истакна дека Договорот со Бугарија од 2017 година е добра основа и рамка за да продолжат разговорите во насока на изнаоѓање решенија.

Според него, став на Владата е дека нема потреба од нов договор или од анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во врска со прашањето за македскиот јазик, Арсовски потенцира дека е веќе јасно оти македонскиот јазик и идентитетот се факти потврдени од ОН и Владата смета дека за ова не треба да има дилема.

Прашан за нови детали и информации за тоа што се случува во однос на спорот со Бугарија и со кои црвени линии нашата држава разговараше на средбата во Берлин во понеделникот, портпаролот Арсовски повтори дека премиерот Заев денеска ќе разговара со канцеларката Меркел и изрази благодарност што Германија како претседавач на ЕУ засилено се залага за исполнување на „заедничката цел одржување на првата меѓувладина конференција и со тоа означување на почеток на преговорите на Северна Македонија до  крајот на годината“.

„Ова е сигнал за целиот регион дека со тоа се задржува и кредибилитетот на ЕУ што е инстерес на сите. Конкретно, паралелно се одвиваат контактите меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и на Северна Македонија. Во овој момент цениме дека во интерес на тој процес не треба да се изнесуваат детали. Секако важно е да се напомене дека сите овие контакти водат кон заедничко разбирање и секој нов состанок води кон зајакнување на довербата и приближување на позициите“, истакна Арсовски.

Тој потенцира дека земјава го почитува Договорот со Бугарија од 2017 година и останува на ставот дека тој е одлична рамка и нуди инструменти за да се менаџираат прашања за кои официјална Софија има некаква загриженост.

И бугарскиот премиер Бојко Борисов оствари видео-конференциски состанок со германската канцеларка Ангела Меркел, на кој станало збор за обидите на Северна Македонија и Бугарија да ги приближат позициите во однос на недоразбирањата што настанаа изминатиот период, а во насока да се овозможи одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската унија.

За разговорот со Меркел информираше Борисов на својот Фесбук профил.

„Се заблагодарив за нејзината лична заложба и онаа на германското претседателство за барање формули за да се овозможи почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство Советот на ЕУ ќе се донесат силни и правилни одлуки“, напиша Борисов.

Бугарските медиуми објавија дека половина ден по министерската средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел имала разговор преку онлајн врска со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу забелешките на Софија за отпочувањето на Меѓувладината конференција.

„Бугарија и јас сме благодарни за посветеноста на германското претседателство и вам лично за изнаоѓање формули што ќе ѝ овозможат на Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, ѝ рекол Борисов на Меркел“, јавува Бугарското национално радио.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ