• Latest

Иднината на Западен Балкан е во создавањето заеднички регионален пазар, порачаа министрите за економија

November 5, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Иднината на Западен Балкан е во создавањето заеднички регионален пазар, порачаа министрите за економија

November 5, 2020 16:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на Западен Балкан е создавање заеднички регионален пазар со цел посилна економска интерграција на регионот и негова подготовка за големиот внатрешен паазар на Европската унија. Воспоставување на таканаречени зелени коридори за напречено движење на примарните производи и спојување со европските коридори е главен приоритет во насока на подобарување на регионалната економска соработка, пренесува МИА.

Ова беа главните заклучоци од средбата на министрите за економија во рамки на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес на Република Бугарија и Република Северна Македонија во 2020 година.

На состанокот беше повторена и поддршката за Софиската декларација за Зелената агенда за Западен Балкан која има за цел да ги зајакне напорите за постигнување на критериумите за пристапување кон ЕУ и ќе го посвети регионот за правилно решавање на растечките еколошки и климатски предизвици и нивно претворање во можности, иницирајќи зелена транзиција на Западен Балкан.

На состанокот на кој присуствуваа претставници од земјите учеснички од ЕУ, претставници од Европската комисија, меѓународни и регионални организации и институции, генерално беше заклучено дека овој состанок даде значаен придонес кон заедничката цел за зголемена регионална соработка според новиот Акционен план за заеднички регионален пазар што треба да биде усвоен на Самитот во Софија.

Беше потврдено дека Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заеднички регионален пазар е важен инструмент, заснован на правилата и стандардите на ЕУ, за да се зголеми привлечноста и конкурентноста на регионот и тој да се приближи до единствениот пазар на ЕУ.

Министрите потврдија дека во рамките на идниот заеднички регионален пазар, деловните контакти во регионот и достигнувањата во областите трговијата, инвестициите, мобилноста, енергија, транспорт, дигитална инфраструктура и други сектори, значително ќе се интензивираат.

Улогата на заедничкиот регионален пазар ќе биде исто така многу важна за младите преку овозможување на мобилност преку заемно признавање на квалификациите и програмите.

Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање во сесијата „Заеднички регионален пазар, дигитална агенда и мобилност на младите“, заедничкиот регионален пазар за Западен Балкан е движечка сила за подлабока економска интеграција на регионот и важен чекор кон единствениот пазар на ЕУ.

– Западен Балкан треба да ја забрза регионалната економска интеграција. Можеме да кажеме дека Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заеднички регионален пазар е важна пресвртница за Западен Балкан и забележително достигнување за Берлинскиот процес. Очекуваните испораки во рамките на спроведувањето на Акциониот план како инструмент на Заедничкиот регионален пазар, го регулираат внатрешниот пазар на земјите на Западен балкан заснован на пристапот на четирите слободи. Во рамки на регионалната трговска агенда, активностите на ЦЕФТА се насочени кон олеснување на трговијата со стоки и услуги и воспоставување регионален пазар за е-трговија. Пазарот за електронска трговија на ЦЕФТА денес се проценува на околу 1 милијарда евра, со силен раст. Нашата работа е да овозможиме пристап до овој пазар за млади и креативни луѓе кои можат да создадат работни места за повеќе млади. Треба да извезуваме стоки и услуги преку Интернет, ЦЕФТА одобри патоказ за да се води нашиот пат кон отстранување на најголемите бариери за прекугранична дигитална трговија, рече Бектеши.

Министерот потенцираше дека тоа значи намалување на трошоците за плаќања и испорака на пратки, потоа олеснување на царинењето и овозможување на признавање на електронски потпис.

– Треба да работиме заедно во партнерство со деловната заедница за градење доверба при купување преку Интернет и заштита на потрошувачите во регионот. Овие ќе бидат меѓу најважните приоритети што Северна Македонија ќе ги следи во 2021 година како претседавач со ЦЕФТА, истакна Бектеши.

Тој порача дека важна движечка сила на сите економии се младите, затоа овој пазар исто така ќе овозможи мобилност за студентите, истражувачите и професорите преку програмите за заемно признавање.

– Интеграцијата на Западен Балкан во паневропската дигитална област преку инвестирање во широкопојасна поврзаност, зголемување на сајбер безбедноста, доверба и дигитализација на индустријата ќе ја зајакне дигиталната економија и општеството, потенцираше министерот Бектеши.

Министерот за економија на Бугарија, Лачезар Борисов во панелот на тема „Зелена агенда за Западен Балкан, зелена економија и поврзаност –иницијатива за зелени коридори“ потенцираше дека Зелената агенда за Западен Балкан, како Европскиот зелен договор, може да биде можност за регионалните економии да се модернизираат и да станат поконкурентни, но од друга страна, предвидливата и стабилна регулаторна рамка е важна за деловната активност да ја испланира и спроведе нејзините инвестиции.

– Имплементацијата на Зелената агенда е поврзана со инвестиции и големи трансформации, за кои повеќето земји во регионот не се подготвени. Зголемувањето на амбицијата да се постигне климатска неутралност до 2030 и 2050 година, дури и во оваа фаза, создава несигурност во бизнисот и предизвикува легитимен страв од непредвидени ризици.Зелената агенда за Западен Балкан е шанса за економски раст и регионалните економии да станат неутрални во однос на климата со развој на енергетски системи со понизок јаглерод. Ова е тешка и одговорна задача, особено во контекст на пандемијата Ковид 19, нагласи Борисов.

Бугарскиот министер за економија порача дека посебно внимание треба да се посвети на индустријата за интензивни ресурси и енергетски интензивни, кои во повеќето земји во регионот, како и нашата земја, управуваат со економијата и се основа на многу синџири на вредности.

– Декарбонизацијата и модернизацијата на овие индустрии е од суштинско значење. Тие ќе обезбедат предуслови за привлекување нови инвестиции за да им помогнат на компаниите да се приближат кон неутралноста на климата. Овие индустриски сектори мора да бидат поддржани со конкретни политики и фокусирани мерки за да се спречи губење на конкурентноста и истекување на јаглерод. Специфичните карактеристики на енергетски интензивните индустрии претставуваат предизвик за одржливоста и конкурентноста на целиот регион, рече министерот Борисов.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето воведно обраќање посочи дека во периодот кој следи, Владите треба да се фокусираат на креирање на кохерентни и конзистетни стратегии, политики и мерки, преку чија имплементација, економиите од регионот наместо да си конкурираат меѓусебно, да го трансформираат регионот во една конкурентна целина, која би била поатрактивен партнер за инвеститорите и земјите членки на ЕУ.

– Новиот план 2021-2024 година за развој на регионот претставува акционен план како да се постигне заедничката амбиција на економиите, а тоа е да се постигне развој. Нашата намера е соработката во регионот ја унапредуваме од „Регионална економска област“ кон повисоко ниво на соработка „Заеднички регионален пазар“. Ова ќе ги отвори вратите на економиите во регионот за да станат уште позначаен партнер на земјите од ЕУ и да ја подигнат соработката на повисоко ниво. Тоа подразбира почитување на принципите на слободно движење на стоки, луѓе и капитал, овозможувајќи им добра бизнис средина на инвеститорите преку обезбедување оперативни и ефикасни системи за поддршка и заштита на инвестициите во сите нивни аспекти, нагласи вицепремиерот.

Според него, 2020 година, покрај ковидкризата, треба да се гледа и како можност за сите од регионот.

– Не треба оваа криза да ја гледаме како пречка, туку како можност за зајакнување на развојот на регионот. Да ја искористиме можноста и заедно да ја развиваме нашата подобра иднина, рече Битиќи.

Министрите го поздравија Протоколот за отворен пристап до инфраструктурата за истражување на Западен Балкан, со цел да се поттикне мобилноста на истражувачите и научната соработка во регионот. Воедно се согласија дека сите поддржани документи разгледани за време на овој состанок ќе бидат одобрени на Самитот на Западен Балкан за Берлинскиот процес што ќе се одржи во Софија на 10 ноември во рамки на заедничкото претседателство на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ