Во издание на „Дијалог“ од Скопје од пешат излезе книгата „Крушевски дангарлуци“на доајенот на македонското новинарство Крсто Топузоски. Книгата содржи 115 записи во кои се отсликуваат луѓето и настаните од седкојдневниот живот на Крушево во изминатите педесетина години.
Преку формата на дангарлукот, што е синоним за шега, Крсто Топузоски ни ја доближува атмосферата на времето и случувањата со ретка автентичнност која одвнатре ги осветлува карактерот и начинот на егзистирање на луѓето и на родниот град Крушево во кој сега авторот ја живее својата десетта деценија.
– Како дел од животните текови на Крушево јас со голема љубопитност ги доживував сите тие настани. Мојата човечка природа ми го насочуваше вниманието кон она што се случуваше на улицата, во чаршијата, кон муабетчиите и итроманите. Ме побудуваше нешто силно, она што ќе го слушнам и доживеам, да го забележам, за да остане, да не се заборави, вели меѓу другото Топузоски во обраќањето до читателите на воводните страници од „Крушевски дангарлуци“.
Крсто Топузоски е роден во 1929 година во Крушево. Најголем дел од својот работен век го помина како новинар, дописник на Македонското радио. Автор е на неколку книги од историско-хроничарски карактер, посветени на Крушево и неговата историја, како и на збирката новински репортажи „Крстана во Њујорк“.