• Latest

Браже: Северна Македонија од безбедносен конзумент стана контрибутор на безбедноста за помалку од 20 години

November 8, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Браже: Северна Македонија од безбедносен конзумент стана контрибутор на безбедноста за помалку од 20 години

November 8, 2020 13:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија од безбедносен конзумент стана контрибутор на безбедноста за помалку од 20 години. Ова е најважното достигнување и за Северна Македонија и за Северноатлантската алијанса, изјави Баиба Браже, помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија во интервју за Europe Western Balkans.

-Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО е резултат на долгогодишна цврста и обострана соработка – со одлучност и посветеност на реформите на властите во Северна Македонија, што доведе до јакнење на безбедноста на земјата. Повторно избраниот премиер Зоран Заев беше во седиштето на НАТО. Тоа беше важна можност да се одбележи историското достигнување на земјата. Северна Македонија се придружи како суверена држава на силниот Сојуз, со столче на нашата маса и со еднаков глас во обликувањето и донесувањето одлуки, вели Браже.

Посочува дека Северна Македонија, како полноправна членка, продолжува значајно да придонесува кон кооперативните безбедносни напори во многу различни воени жаришта. Додава дека има војници кои служат во Авганистан во рамки на мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“, да тренира, советува и помага на авганистанските сили. Исто така, учествува во колективниот напор да ја поддржи нивната финансиска одржливост така што придонесува во доверителниот фонд на НАТО за авганистанската војска. Неодамна исто така се приклучи кон мировната мисија и на Косово.

-Недолго по пристапувањето, Северна Македонија можеше да искуси што значи да се биде дел од НАТО така што стана еден од сојузниците на кои им беше потребна поддршка која Ковид-19 ј погоди земјата. Глобалната пандемија јасно покажа дека во вакви времиња, пријателите и сојузниците се поважни од секогаш. Северна Македонија не стоеше сама во текот на кризата со коронавирусот, истакнува Браже.

Потсетува дека Координативниот центар за вонредни состојби на НАТО пружи благовремена и координирана помош за земјата каде што ефикасно беше потребна, преку достава на медицински материјал и финансиска помош за да се олесни на државниот здравствен систем и да се спасат животи.

-Кон крајот на октомври Северна Македонија доби Ковид-19 пакет помош од новите медицински залихи на НАТО, а тоа вклучуваше 60 респиратори и друга опрема која беше итно потребна во вредност од околу 1,4 милиони евра. Како што кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг „Ова е солидарност на НАТО во акција“, заклучува помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ