• Latest

Заев: Северна Македонија, Србија и Албанија ќе соработуваат во борбата против Ковид-19, ова се моменти на солидарност и поткрепа

November 9, 2020
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Северна Македонија, Србија и Албанија ќе соработуваат во борбата против Ковид-19, ова се моменти на солидарност и поткрепа

November 9, 2020 13:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите и без ПЦР тестови, доколку граѓанин поради Ковид-19 се најде во болница во овие земји државата ќе го преземе трошокот за лекување, министрите за здравство и лекарите од трите земји ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства во борбата со коронавирусот…

Ова, меѓу другото, се предидува со Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 што денеска го потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.

Премиерот Заев, кој беше домаќин на настанот, истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка помеѓу нашите пријателски земји.  

-Сакаме  да го олесниме животот  на нашите граѓани и  да поставиме основи за економско закрепнување, рече Заев кој потоа соопшти што ќе опфаќа оваа соработка.  

Северна Македонија, Албанија и Србија, како што кажа, веднаш ќе почнат да работат на координација околу обезбедување на вакцина за Ковид – 19 за нашите граѓани. Земјите меѓусебно ќе се поддржуваат и  ќе си помагаат доколку се случи преоптоварување на здравствените системи.

– Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските окператори со кои се ублажуваат последиците од Ковид – 19. Граѓаните и, пред се, носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР – тестови односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар граѓаните на нашите држави притоа почитувајќи ги сите мерки на заштита кои се речиси идентични во сите три земји, рече Заев. 

Доколку еден граѓанин на некоја од земјите потписнички се затече на територијата на друга земја и треба да се лекува таму каде што е хоспитализиран, тогаш, како што објасни тој, државата во која се лекува ќе ги преземе трошоците за тоа лекување. 

-Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да плаќа од својот џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку се затечат на нашата територија и им е потребна помош. Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување, и на поткрепа која си ја даваме меѓу себе, рече Заев.

Од утрешниот самит во Софија премиерот истакна дека очекува поддршка за сите земји од Западен Балкан односно уште еднаш да се испрати пораката за отворање на поглавјата со Северна Македонија и Албанија.

-Утре очекувам сериозна поддршка за европскиот пат на сите шест земји членки од Западен Балкан кои сме кандидати и сакаме да бидеме побрзо полноправни членки на ЕУ. И секако очекувам дека Берлинскиот самит утре ќе ја испрати уште еднаш пораката на почеток на преговорите односно отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија, истакна Заев.

Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 го потпишаа премиерите на трите земји Зоран Заев, Ана Брнабиќ и Еди Рама. Оваа идеја произлезе од состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Рама и е иницијатива за напредна соработка која е целосно компатабилна со Берлинскиот процес. 

Албанија и Србија во рамките на истиот настан потпишаа и и билатерален договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

-Граѓаните на Северна Македонија веќе неколку години ја имаат можноста да патуваат со лична карта во Албанија и Србија. Денеска би сакал да го поздравам договорот меѓу Албанија и Србија со што и граѓаните на двете земји ќе можат со лична карта да патуваат меѓусебно. Ваквите договори во интерес на граѓаните ја зајакнуваат регионалната соработка, рече Заев.

Трите земји, како што кажа, продолжуваат интензивно да соработуваат и да ги решаваат препреките кои на граѓаните ќе им овозможат многу подобар квалитет на живот.

Заев изрази задоволство што и Косово ја прифатило поканата и се приклучува на овој процес на унапредување на реионалната соработка, а верува дека многу бргу и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се приклучат.

-Убеден сум и ве уверувам сите дека ќе има само придобивки повеќе за нашите граѓани и за нашите економски оператори, рече премиерот на Северна Македонија.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ