• Latest

Заев: Заедничкото домаќинство на Берлинскиот процес работеше на спроведување на бројни активности насочени кон соработката

November 10, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Заедничкото домаќинство на Берлинскиот процес работеше на спроведување на бројни активности насочени кон соработката

November 10, 2020 13:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Софија денеска започна лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година ко-домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Заради ситуацијата со КОВИД-19 Самитот е организиран со физичко присуство на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија и со учество преку видео конференциска врска на останатите учесници.

„За мене, а верувам и за сите нас, ова е доказ дека регионот силно го прифати овој процес за свој. Истовремено, тоа обезбедни извонредна платформа за понатамошно негување на нашите односи. Овој Самит се случува во времиња на пандемија и сите ние се бориме со огромни предизвици за заштита на нашите граѓани и спречување на тешки економски нарушувања. Во такви околности, заедничкото домакинство на Берлинскиот процес во изминатите неколку месеци работеше на спроведување на бројни активности насочени кон одржување енергична соработка во многу области и на остварување на видливи и опипливи резултати“, истакна Заев на прес-конференцијата на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес.

Заев истакна дека водечкиот принцип на Берлинскиот процес има за цел да обезбеди континуитет на започнатите иницијативи во рамките на процесот и да се фокусира на резултатите со забележливи позитивни ефекти во регионот.

„Исто така, ја искористивме политичката платформа на овој процес за понатамошно туркање на одредени иницијативи, како што се регионалниот договор за патување со лична карта, проширување на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на ЕУ и соработката во областа на здравството и регионалниот одговор на пандемијата. Исто така, ја продолживме нашата соработка со граѓанското општество, ТинкТенк заедницата, во прашањата поврзани со младите што како тема се јавуваат на повеќе настани. На денешниот состанок имавме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, визијата за акцискиот план за заеднички регионален пазар и зелената агенда за Западен Балкан. Поддршката за двете иницијативи ќе го поттикне економскиот раст и развојот во регионот, со поддршка и на европските фондови, но исто така и ќе се осврнат на некои од актуелните еколошки и здравствени предизвици, нудејќи огромен потенцијал за раст и креирање на нови работни места“, додаде Заев.

Премиерот истакна за идејата за интерконекција, која била во сржта на Берлинскиот процес, еволуирала во поврзаност во многу поширока смисла.

„Регионот ја препозна важноста на деловната поврзаност, младинската мобилност,  дигиталната поврзаност, дијалогот со граѓанското општество, културната размена со цел да се конкурира на глобалните пазари, како и поради општата благосостојба на своите граѓани. Дополнително, ЕУ исто така храбро ја потврди поддршката на Западен Балкан, со најавените 9 милијарди евра во грантови, надополнети од новиот инструмент за гаранција за Западен Балкан со кој треба да се зголемат инвестициите за дополнителни 20 милијарди евра“, вели Заев.

Тој додаде дека се согласиле дека треба да се унапредат нашите напори за дополнителен и реален напредок во реформските процеси, како и регионалната економска соработка.

„Сите ние се согласивме дека треба да ги унапредиме нашите напори за дополнителен, реален напредок во реформските процеси, како и да се унапреди регионалната економска соработка и да се постават темелите за одржлив рас. Само интегриран и поврзан регион може сигурно да чекори кон ЕУ. Визијата за акцискиот план за заеднички регионален пазар и зелената агенда го покажуваат вистинскиот правец. Ние влеговме во нова фаза од нашата соработка, регионот ја превзема сопственоста на многу иницијативи и процеси и носи резултати“, додаде Заев.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ