• Latest

Бесими му го врачи Предлог-буџетот за 2021 на претседателот на Собранието

November 12, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими му го врачи Предлог-буџетот за 2021 на претседателот на Собранието

November 12, 2020 13:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери и на овој начин, како што информираат од Министерството за финанси, е симболично одбележано влегувањето на Предлог-буџетот во највисокото законодавно тело, пренесува МИА.

-Предлог-буџетот за 2021 година се доставува до Собранието навремено, дури и порано од рокот предвиден со буџетскиот процес, наведуваат од Министерството за финансии.

Министерот Бесими на средбата посочи дека во насока на самостојноста на буџетот на  Собранието – предлогот доставен од Собранието е инкорпориран во Предлог-буџетот за 2021, како што е даден од страна на законодавното тело без никакви интервенции.

Бесими истакна дека со буџетот за 2021 година се прават системски измени кои ќе постават основа за постратешко, подолгорочно и потранспарентно дејствување на јавните финансии во иднина, односно СМАРТ финансии. Овој буџет воведува нов концепт на среднорочно планирање – односно 5-годишна рамка за капиталните проекти, растот и дефицитот. Со тоа ќе се зајакнат и капацитетите за планирање, но и на реализација на таргетите. Исто така, ќе се воспостават и механизми кои ќе го мерат импактот на проектите врз економијата, како и систем на наградување и казнување на оние кои имаат добра реализација и на оние кои потфрлиле.

Предлог- буџетот за 2021 предвидува и средства за справување со Ковид-кризата. Тој има три цели – поддршка на здравството, поддршка на економијата и системски реформи во правосудството и евроатланските интеграции. Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (која содржи четири столба – 1.справување со Ковид кризата, 2.одржлив и зелен раст, 3.конкурентност на приватниот сектор и 4.човечки капитал), како и политиките за  фискална консолидација на среден рок.

Министерот посочи дека очекува една демократска расправа во Парламентот за Предлог-буџетот, една дискусија која ќе биде конструктивна и ќе нуди решенија и оптимално дејствување.

Бесими истакна дека во време кога целиот свет и глобалната економија се соочуваат со една од најголемите кризи, потребни се одлуки и решенија кои на прво место ќе го ставаат здравјето на граѓаните, но и економијата.

Тој додаде дека ова е време кога исклучително е важно да следиме претпазливо што се случува, да  сме агилни – да дејствуваме брзо, но и да размислуваме стратешки на долг рок.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ