• Latest

Фуере: Тактиката на бугарската влада за Северна Македонија е неразумна и контрапродуктивна

November 17, 2020

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Фуере: Тактиката на бугарската влада за Северна Македонија е неразумна и контрапродуктивна

November 17, 2020 14:05
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот ЕУ амбасадор, Ерван Фуере, објави МИА.

Пристапот на бугарската влада праќа лоша порака до земјите од Западен Балкан дека и тие можат да се соочат со целосна блокада на патот кон ЕУ, вели Фуере во интервју за Бугарското национално радио.

– Бугарија го користи своето членство во Европската унија за да наметне сопствено толкување на историјата, како и да инсистира на тоа дека нејзината верзија мора да биде прифатена од други земји пред да започнат пристапните преговори. И тоа е контрапродуктивно бидејќи ја поткопува политиката на проширување на ЕУ и оди целосно спротивно на принципите врз кои се базира европската интеграција и со кои Бугарија се согласи кога стана членка на ЕУ во 2007 година, истакнува Фуере.

Вели дека прашањата што ги поставува Софија – територијален интегритет, национален идентитет, постоење или не на национално малцинство, толкување на историјата – се реални проблеми што постојат не само меѓу Бугарија и Северна Македонија, но ако се говори во поширок спектар на Европа, тоа е една од причините за создавање на процесот на европска интеграција – да се решат овие прашања, да се промовира помирувањето не со присила, туку со соработка.

Како пример го посочува фактот дека и Ирска и Велика Британија имале прилично бурна повеќевековна историја, но кога  двете земји станаа членки на Европската заедница, како што се нарекуваше во 1973 година, стана можно да се постават и решат некои од критичните прашања, како што се националниот идентитет, историјата и правата на малцинствата.

Според Фуере, Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Скопје и Софија е многу добар пример за две соседни земји да работат заедно и да најдат заедничка основа за меѓусебна доверба, но за тоа е потребно време.

– Договорот со Северна Ирска од 1998 година сè уште се спроведува – 20 години подоцна. Затоа, мислам дека е неразумно Бугарија да верува дека сè во овој договор треба да се направи првиот ден по потпишувањето. Потребно е време, треба да се дискутира, образованите и мултидисциплинарните комисии треба да се состануваат, а блокирањето на процесот на проширување ќе спречи тоа, вели Фуере.

Доколку, пак, Бугарија не стави вето и дозволи за започнат официјално пристапните разговори со Северна Македонија, кои ќе траат неколку години, тоа, според него, ќе даде многу позитивен сигнал дека Софија гледа на овој процес како на процес на соработка.

– Тоа, исто така, ќе создаде позитивна атмосфера за продолжување на билатералните разговори меѓу двете земји за отворените прашања. Важно е за целиот балкански регион, ЕУ и целата меѓународна заедница да ги разгледуваат овие прашања многу посеопфатно, бидејќи тие ќе продолжат се појавуваат, иако во поинаков контекст – на пример, кога ќе започнуваат преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија. Сите овие проблеми се многу сложени и товарот на историјата врз нив е сè уште многу, многу тежок. Затоа во фокусот на вниманието на ЕУ и меѓународната заедница, треба да биде како да се помогне во решавањето на овие билатерални проблеми преку соработка и интеграција на општествата, рече Фуере

Смета дека работите не треба да се враќаат назад и да се отвораат повторно спорни историски дебати, туку да се земе предвид дека ЕУ е заедница која промовира помирување засновано врз владеењето на правото.

Фуере вели дека во контекст на владеењето на правото на кое се базира ЕУ, не може да се игнорира и прашањето за националите малцинства за што има одлуки на Судот за човекови права.

– Судот за човекови права на Советот на Европа е формиран токму и за да гарантира дека и Северна Македонија и Бугарија го почитуваат тоа. И не можеме да го игнорираме фактот дека има пресуди на Судот во Стразбур, точно за постоењето на национални малцинства во Бугарија. И ЕУ, чија членка е и Бугарија, се заснова на владеењето на правото. Прашањето за национални малцинства не постои само на Балканот, туку во цела ЕУ – Каталонија, Велс, Шкотска. Но, постојат процеси што се занимаваат со нивно решавање – не со сила, туку преку соработка, изјави поранешниот евроамбасадор во Скопје Ерван Фуере.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ