• Latest

ДКСК-последна надеж за граѓаните во борбата против корупцијата

November 21, 2020
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДКСК-последна надеж за граѓаните во борбата против корупцијата

November 21, 2020 15:26
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната Комисија за спречување на корупција и судир на интереси останува една од ретките институции со најголем степен на доверба кај граѓаните и институција од која најмногу се бара правда во случаи кога граѓаните наидуваат на затворени врати или други проблеми во јавните институции. Ова го покажуваат и бројките, кои зборуваат за зголемен обем на жалби и иницијативи кои граѓаните ги адресираат во ДКСК.

Но од друга страна, новиот закон донесен во почетокот од 2019-та година и новата методологија на формирање на оваа тело, придонесе комисијата да работи драстично повеќе од тоа што е направено сите последни години. Од комисијата за ЦИВИЛ Медиа велат дека новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси донесен во јануари 2019 година ги зголеми и зајакна надлежностите на ДКСК и обезбеди поефективни механизми за постапување на институцијата, со што се зголемија и очекувањата за поефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Во периодот од 10 месеци, односно од февруари 2019 година кога е конституиран новиот состав на ДКСК, па заклучно со декември 2019 година, до ДКСК беа доставени вкупно 1172 пријави од граѓани, здруженија и институции со сомневања за постоење коруптивно однесување, злоупотреба на јавната функција, постоење на судир на интереси, а отвори и 245 предмети по сопствена иницијатива. Од доставените пријави, 687 се од областа на корупцијата, 364 од областа судир на интереси, 54 пријави за непочитување на забраните во текот на изборниот процес  и 67 пријави за проверка на имотната состојба.

Р.бројОбласт за постапувањеПримени пријавиСопствена иницијативаБрој  отворени предметиБрој на решени предмети
1Корупција68723Нема податок100
2Судир на интереси36466221143
3Имотна состојба 6715322083
4Финансирање изборни кампањи5435738

КОРУПЦИЈА

Преглед на примени пријави и оформени предмети по сопствена иницијатива    

Начин на формирање на предметБрој на евидентирани предмети
8.2.2019 – 31.12.2019 20182017
Сопствена иницијатива23неманема
Пријави од граѓани6878976
Вкупно7108976

СУДИР НА ИНТРЕСИ

Примени евидентирани пријави и предмети 

Начин на формирање на предметБрој на евидентирани предмети
8.2.2019 – 31.12.2019 20182017
Сопствена иницијатива666нема
Пријави од граѓани3647595
Вкупно4308195

Поднесени изјави за интереси

Година201920182017
Број на поднесени изјави84916502328

Во текот на 2019 година до ДКСК се доставени вкупно 2007 анкетни листови

Преглед на поднесени анкетни листови

Основ за поднесувањеПоднесени  обрасци
Анкетни листови по избор/именување на функција1004
Анкетни листови по престанок на функција479
Обрасци за промена на имотна состојба524
Вкупно2007

ИМОТНА СОСТОЈБА

Преглед за спроведена проверка на податоци за имотната состојба

Основ за постапувањеСопствена иницијативаПо пријавиВкупно
Неподнесување/ненавремено поднесување на анкетни листови – член 82603999
Проверка на податоци од анкетни листови – член 929328121
Вкупно15367220

Разликата во работата на сегашната и претходната комисија се гледа и во официјалните податоци споредени со претходните години.

Како за споредба со 2017 година, а врз основа на неофицијалните податоци за работењето на ДКСК за оваа година, оформени се вкупно 76  предмети по пријави од областа на корупцијата, 95 предмети од областа на судирот на интереси,  а 22 предмети се оформени по доставени приговори  со наводи за сомневање за сторени прекршувања и непочитување на членовите 8-а и 8-б од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупцијата во врска со  локалните избори 2017 година. Од областа на имотната состојба, против 48 лица ДКСК до надлежниот суд поднела барања за поведување прекршочна постапка поради недоставување анкетен лист односно непријавување промени на имотната состојба и во делот на следењето на имотната состојба до Управата за јавни приходи, согласно со членот 36 од ЗСК, доставени се вкупно 18 барања за поведување постапка за испитување на имот и имотна состојба на избрани и именувани лица.

Споредувајќи ги податоците од 2019 и тие од претходните години, од ДКСК, за ЦИВИЛ Медиа, тврдат дека бројот на примени пријави и отворени предмети во 2019 година е поголем од вкупниот број на пријави примени во ДКСК во последните пет години. Членот на ДКСК, Нури Бајрами, цени дека зголемениот број на поднесени пријави се однесува на две причини, првата е губењето на доверба во јавните институции и второто е зголемување на довербата и надежта кон новата Комисија за спречување на корупцијата.

Нури Бајрами, член на ДКСК

„Имајќи ја предвид содржината на примените пријави кои во голема мерка се однесуваат на остварување на индивидуални права на подносителите, може да се извлече заклучок дека тоа пред сѐ се должи на изгубената доверба на граѓаните во институциите  во системот. Јавноста ја препозна искреноста на ДКСК во борбата со корупцијата во РСМ. Неселективниот пристап на ДКСК како и нејзината улога на коректив на сите погрешни политики или чекори кои не беа случај во минатото уште повеќе го зголемуваше очекувањето на широката јавност. ДКСК својата проактивна улога си го врати имиџот на институција која е „ будно око“ и која јавно и недвосмислено се бори со корупцијата, судирот на интереси, тргувањето со влијание, лобирање и политичкото влијание во сите аспекти на нашето општествено живеење“, изјави Нури Бајрами.

Борбата против корупцијата и организираниот криминал беше црна дамка на нашата земја за децении на назад и главен збор во сите извештаи на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија. Промените и резултатите во последните години во оваа сфера беа позитивно оценети и го отворија патот на Северна Македонија за пристапните преговори со ЕУ. Со последните промени и наведениот напредок земјата доби позитивна оценка во делот на условите кои треба да се исполнат за добивање датум и почеток на преговорите со ЕУ.

Арбен Зеќири

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ