• Latest

Спомениците од НОБ имаат уметничка и национална вредност

November 25, 2020

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025

Филипче фрли „економска бомба“: Ќе нема пари за пензии, плати и социјална помош – Владата возвраќа: Лажна паника, сè е под контрола

October 16, 2025

Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори

October 16, 2025

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Спомениците од НОБ имаат уметничка и национална вредност

November 25, 2020 15:31
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во комисијата која одредувала како ќе изгледа спомен обележјето на паднатите борци од НОБ, од 1973 година, бил повикан и авторот Богдан Богдановиќ. Тој ги донел скиците и објаснувал што му е идејата. Членовите барале објaснување за некои детали. Присутен бил и Љупчо Арсов, висок државен и партиски раководител. На крајот од дебатата му се обратил на авторот и му рекол – другар Богдановиќ, јас ништо од ова што ни го обjаснувате нe разбрав и затоа почнете со изградбата на спомен комплексот. 

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Македонските граѓани треба да се ослободат од тоталитарните времиња ако сакаат да бидат дел од Европа – изјави Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Република Бугарија. Нема да спорам со министерските висини само ќе посочам еден пример што расправата ја прави беспредметна.

Пред две години кустосот Кулиќ во Музејот на современа уметност МОМА во Њујорк ја поставил изложбата  наречена „Применета утопија“. Околу 400 градби од просторите на некогашна Југославија биле преставени во центрaлниот хол на Музејот. Изложбата траеше во текот на целата година. Пред неколку недели австрискиот фотограф Тајлер ја објави Монографијата од таа изложба, заедно со луксузното издание на каталогот на  МОМА, каде се застапени сите изложбени поставки. Се работи за цртежи, макети, стручни критики од архитектонски аспект и уметнички осврт на делот каде се преставени спомениците од цела Југославија.

Што е важно за нас како држава, која постојано и одново ги преиспитува вредностите врз кои е создадена? Архитектонските дела низ Скопје и низ другите градови во Македонија се ставени во рамките на тој архитектонски еден правец, кој на изложбата се нарекува – брутализам. Квалификациите и експертизата секако и припаѓаaт на науката и струката. Забележлива е сликата на познатата градба во Скопје која еуфемистички си ја нарекуваме Пошта. Делото на архитектот Јанко Константинов, наречено комуникациски центар е преставено во каталогот на две страни, а на изложбата со макета и цртеж. Гордост е да се читаат мислењата на авторитетите за архитектонскиот израз на авторот и неговото ставање во ред на главните носители на овој правец: Богдановиќ, Танге, Фридман, Џамоња.

Е сега прашањето од нашата актуелност, кога ќе се продава Јавното претпријатие Македонски пошти, ќе се води ли сметка и за националната вредност на оваа градба? Идентитетот на еден народ и култура не го градат само јазикот, нематеријалната култура, туку и ваквите препознатливи градби. Ќе има ли поголема цена поштата или ќе биде омаловажена со  оценката – тоа е од времето на тоталитаризмот. Покрај сите оценки за оваа градба кустосите и критичарите на МОМА не ставиле таков квалификатив, туку ги оценувале оригиналните решенија и функционалната употреба на зградата во пост земјотресниот период во Скопје. Со самата поставка во така реномиран музеј и издавањето на каталогот во печатена и дигитална форма, се влегува во светските текови на цивилизациските вредности. Тоа треба да го имаат на ум и сегашните и идните власти. Во истата музејска поставка има и голем број на споменици од југословенските простори посветени на жртвите на фашизмот и на националната борба за слобода. Ставени се големите споменици на: Сутјеска, Кадињача, Петрова гора, Јасеновац и уште околу педесетина други.

За нас најитересни се спомен комплексите во Прилеп и Штип како и, Македониумот во Крушево. Тие се дел на најистакнатиот архитект и скулптор меѓу низата на автори застапени на изложбата – Богдан Богдановиќ. Голем е неговиот опус, но на изложбата место се нашло и за неговите дела поставени во Македонија. За спомен обележјето наречено Могилата на непобедените  во Прилеп има скоро цела страница во каталогот со уметничка експликација за делото. Свртената амфора и базичноста на нејзината симболика, етнолошките и античките влијанија на просторот во кој е поставен споменикот. Модернистичките изрази, како современ приклучок на културата на поднебјето и слични кваликативи се редат под сликата на спомениците во Прилеп. И со сета сила на имагинацијата нема да сретнете нешто како -работен народ, комунистичка партија или социјализам. Се разбира на таквите поими и не им е местото во еден уметнички израз, па дури и кога е споменик на паднатите борци за таквите идеали. Тоа стои во импресумот под спомениците.

Могилата на непобедените во Прилеп

За спомен обележјето во Штип, кое е подигнато во далечната 1974 година и преставува оригинална целина на две платоа поврзано со седумдесет и пет степеника во кустоското објаснување на експонатот пишува: “Богдановиќ направил сублимат на географското наследство, етнолошкиот израз на фолклористиката и своевиден уметнички израз кој во скулптурата ги превзема традициите на античките автори. Пластичната резба е природен спој со народниот вез во облеката на целиот тој етнолошки простор“.  

Меморијален комплекс на паднати борци во Штип

Разбирливи се овие изрази за познавачите на ументоста за кустосите на музеите, за љубителите на уметничкиот израз. За нас обичните граѓани тоа е дел од нашето наследство на кое и светот му дава значење. Можеби е и патоказ каде треба да се движиме во вечните спорови со нашите соседи. Место со емоционален национализам, интерпретирање на историјата, да се натпреваруваме пред светот со својот удел во светските вредности. Колку на тој пробирлив пазар ќе станеме препознатливи толку и вредиме во целокупната светска слика. Сѐ останато се само маалски препукувања без никаво значење подалеку од нашите омеѓени атари.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ