• Latest
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025 19:48
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Никица Корубин, магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на тоа дали имаме назадување на демократијата, сакам да направам една мала паралела со нешто што се случило пред две и пол илјади години, настан кој можеби нема да ви изгледа дека има директна врска со ова што денеска се случува. Меѓутоа,  мислам дека е одлична врска со она што денеска се случува, и одлична илустрација за она што го говореа и воведничарите, за тоа колку ние демократијата ја земаме здраво за готово, а колку во суштина демократијата воопшто не е право, туку е привилегија. И тоа сакам да го илустрирам со еден пример, вели Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – „Демократско назадување: Импликации и последици“. 

Тукидид ја опишува Пелопонеската војна помеѓу Атина и Спарта, и еден настан, тоа се една војна што се одвива помеѓу два различни политички концепти, петтиот- четвртиот век пне. И има еден настан што се случува во 411-та година пред нашата ера, каде што комплетната морнарица на Атина, бидејќи знаеме дека таа се базира и воено трговски и  на своите стотина воени бродови, била целосно отсутна од Атина. А, Атина знаеме дека е она што го нарекуваме „лулка на демократијата“, и затоа мора да видиме што е демократија изворно, за да можеме да дојдеме до денешната демократија, кој историски контекст е драстично различен. Меѓутоа, на што се темели културата која создава демократско уредување…

Во таа 411-та година, се руши демократскиот поредок во Атина, се воведува влада на „четиристотината“ – тоа се 400 олигарси кои го рушат демократското уредување, иако демократијата во Атина, не е она што е денес кај нас демократија. Демократијата е токму привилегија, бидејќи демосот не е стопроцентното население, туку некои дваесет – триесет проценти, тие се привилегираните што ја одржуваат демократијата.

Корубин понатаму се осврнува на тоа што го кажал Тукидид ( старогрчки историчар и автор на Историја на Пелопонеската војна), дека демократијата не може да биде срушена, бидејќи нејзин чувар е самата морнарица, тие што се носители на демократијата, односно чувар воено, чувар трговски, поради суштината на тогашна Атина, а чувар е бидејќи токму тие кои биле воено ангажирани, се оние кои биле демосот, односно демократите.

Демократијата, не е правото ние да говориме, туку правото да одлучуваме за нашиот живот, демократијата е ексклузивното право, кое се воглавном после втората светска војна, иако може да зборуваме и наназад неколку векови, за етаблирање на она што денеска го подразбираме како демократија.

Денеска, носители на демократијата се сите граѓани, вели Корубин. Секој од нас како граѓанин, е носител на демократијата, и немаме ексклузивна класа или елита, како што имало во Атина и таа демократија тогаш.

Така што, ние како носители, треба да бидеме и бранителите на демократијата.

Она што кулминира како криза во општеството денес, не треба да го набљудуваме во однос само на политичките партии, бидејќи имаме демократски држави со различни форми на уредување. Не секое демократско општество е парламентарна демократија, посочува Корубин, и понатаму вели дека носители на демократијата се секогаш граѓаните. Но, чуварот на демократијата е системот.

Тука имаме две нивоа, едно е свеста на граѓаните, друго е системот, кој мора да ја сочува и да ја негува таа демократија, односно, да биде на исто ниво со свеста на граѓаните.

Кризата која кулминира кај нас, не би ја нарекла само назадување на демократијата, туку тоа што граѓаните, како носители на демократијата, во овие триесет години, развија повисока демократска свест од политичките елити што кога било ја имале. И всушност имаме еден феномен, дека политичките елити, мора да практикуваат демократија, со вродената авторитарна свест која ја  носат во себе.

Корубин ја посочи врската, односно наследството од комунистичкиот режим кај нашите политичари, што се однесува до авторитарната свест кај политичките елити.

Токму затоа, ние имаме комплетно анулирање на формалната уставна поставеност, непочитување, и имаме проблем,  судир, во кој авторитарната свест постојано се судира со демократската пракса, произведува ситуација каде што луѓето се демократи, властите се авторитарни. И затоа, според мене, чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот, со таква авторитарна свест, посочи меѓу другото Никица Корубин.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: ЦИВИЛ


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ