• Latest

Стефоска: Буџетот за култура за 2021 година е намален, поради здравствената и економската криза

November 26, 2020

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Стефоска: Буџетот за култура за 2021 година е намален, поради здравствената и економската криза

November 26, 2020 11:55
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес конференција изјави дека околу третина од обврските на министерството за оваа година се пренесуваат за следната, поради ребалансот во месец мај оваа година, кога буџетот за култура е скратен за 30% и затоа што во јуни и јули оваа година од неразбирливи причини се склучувале Анекси на договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање на проекти по жалба, кои претходно биле одбиени.

„Изминативе неполни три месеци се соочуваме и решаваме голем број предизвици во Министерството за култура, свесни дека се наоѓаме пред една година која нема да биде помалку лесна од претходната. Работиме посветено за да креираме култура која ќе биде во релација со реалноста, а тоа е дека Буџетот за 2020 година длабока стапнал на чергата за 2021 година. Околу една третина од обврските за оваа година се пренесуваат за следната од две причини: поради ребалансот во месец мај оваа година, кога Буџетот за култура е скратен за 30% и затоа што во јуни и јули оваа година од неразбирливи причини се склучувале Анекси на договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање на проекти по жалба  кои претходно биле одбиени“, изјави Стефоска.

Стефоска додаде дека наместо после ребалансот, кој е Закон, да дојде до кратење и на средствата во дејнстите, се случувал обратен процес.

„Откако дојдов на функцијата побарав отчет за секој потрошен денар и за секој долг на министерството кој се прелевал од година в година. Веднаш од тие причини го екипиравме одделението за внатрешна контрола во секторот финансии, ја активиравме и внатрешната ревизија чиј извештај за една од дејностите е поразителен и оди на понатамошна постапка во соодветните институции. Од тие причини исплатите се малку забавени. За да не ја доведеме културата во истата или слична „стапица“ посветено работевме овие два месеци и на Државниот завод за ревизија од Извештајот од 2017 година, а во врска со начинот на распределба на средствата од годишните конкурси. Наша цел е кај сите корисници, независно од исходот на конкурсот, да преовладее чувството дека целиот процес бил спроведен во фер постапка“, истакна Стефоска.

Министерката додаде дека и покрај сите предизвици заштитата на културното наследство, поддршката на идеите и креативноста кај младите и ЕУ интеграциите, остануваат нивни врвни приоритети и за следната година.

„Предлог буџетот за 2021 година за културата изнесува 53 милиони евра. Средствата наменети за финансирање на проекти од национален интерес во културата во 2021 година изнесуваат околу 15 ипол милиони евра. Предлог буџетот за култура во однос на целиот Буџет на Македонија е 1,23%, а во однос на буџетот за 2020 година е намален за 10 милиони денари. Буџетот за 2021 година велиме дека е реален и прилагоден на околностите и е проектиран во согласност со здравстевната и економската криза предизивикана од КОВИД-19. Успеавме да имаме приближно ист буџет како минатата година, скратени се средствата во културата, како и во сите други министерства, бидејќи во овој момент се соочуваме со здравствен предизвик чие побрзо надминување е во наш интерес“, истакна министерката.

Таа додаде дека во предлог Буџетот за 2021 година се предвидени повеќе средства за исплата на платите на вработените устанвите од култура согласно потишаниот колективен договор за култура, ќе се предвидени се средства за нивелирање на платите на директорите на националните и локалните установи. и предвидени се и средства во висина од 5 милиони денари за поправки и тековно оддржување на објектите на националните установи, од кои голем дел се изградени пред 30 години.

„Предлог буџетот за 2021 година со кои се предвидени средства за работа на Министерството за култура и за управата на заштитана националното наследнство изнесува 240 милиони 283 илјади денари, од кои 2 милиони денари се предвидени за набавка на софтвер и хардвер за современо функционирање на министерството и за набавка на соодветна информатичка опрема. Во рамки на Буџетот од следната година отвораме нова програма наречена културно наследство во опасност, за која се одвоени 12 милиони денари“, додаде Стефоска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ