• Latest

ДИК го повлече од Интернет списокот на сомнителни гласачи за теренска проверка

April 1, 2016

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ДИК го повлече од Интернет списокот на сомнителни гласачи за теренска проверка

April 1, 2016 14:18
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По барање на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Државната изборна комисија го повлече од јавен увид на Интернет – Избирачкиот список со вкупниот број гласачи, како и Списокот на неконзистентни записи – предмет на теренски проверки што опфаќа 89.000 спорни гласачи.

По однос на првото решение, за Избирачкиот список, во кој беше достапна проверка по име и презиме, адреса и место на гласање, донесена е одлука да се поднесе тужба пред Управниот суд, со образложение дека повлекувањето на Избирачкиот список е во спротивност на Изборниот законик.

Според Дирекцијата, Изборниот законик во член 55 став 1, предвидува дека личните податоци содржани во Избирачкиот список се заштитени во согласност со закон и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на избирачкото право на граѓаните. А, со овозможување електронски пристап до името и презимето и адресата на сите избирачи преку Интернет за неодреден период, според Дирекцијата, постои ризик личните податоци да бидат употребени и за други цели.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, вели дека објавување на лични податоци на луѓето, во принцип, е кршење на правото на приватност и дека целиот процес изгледа како да е на стаклени нозе. Тој додава дека е проблематично што партиските членови на ДИК имаат пристап до целосниот материјал, што созадава сомнеж дека тие податоци може да бидат злоупотребени за изборни манипулации.

„Тоа што го објавуваат списокот на проблематични гласачи, исто така, може да биде проблем, бидејќи овде имаме ситуација на издвојување на дел од гласачите за кои постои сомнеж, меѓутоа, не е утврдена нерелевантноста на податоците. Пред да се утврди дали тој сомнеж е основан или не, тие податоци, всушност, не треба да бидат јавни, затоа што има обележување, дискриминација на еден дел од гласачите, и тоа не е во ред и не е коректно. Добиваме информации дека теренската проверка не се одвива според саканите стандарди. Овој пристап до сомнителните записи во Избирачкиот список, тоа што е тој јавен, има уште поголем проблем и можност дел од теренската проверка да има многу сомнителен квалитет“, вели Дерала.

Дехран Муратов

 

Tags: апликацијаДИКизбориИнтернетсписокЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ