Заменик градоначалникот на Град Скопје и сопственикот на Гемак-трејд Парк , Енвер Малиќи денеска почина од компликации со Ковид -19.
Малиќи беше еден од најуспешните македонски бизнисмени, основач на Групацијата Малиќи со компании во Северна Македонија, Косово и Албанија, а во 2018 година беше назначен од Владата за почесен конзул на Мексико во земјава. Тој е познат во јавноста и како филантроп и донатор на многу општествено одговорни организации, меѓу кои и ЦИВИЛ.
Организацијата им изразува длабоко сочувство на семејството и блиските, и останува благодарна за соработката што ја имаше со г. Енвер Малиќи низ годините.