• Latest

Костовски: Поднесени над 500 амандмани од опозицијата за измените на Законот за здравствена заштита

December 3, 2020

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костовски: Поднесени над 500 амандмани од опозицијата за измените на Законот за здравствена заштита

December 3, 2020 15:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Уште една во низа шарена лага на ВМРО ДПМНЕ и нивните членови, нивните функционери. Јас во пресот истакнав дека не се само голем број на амандмани поднесени за промена на Деловникот за работа на Собранието, напротив поднесени се и над 500 амандмани за измените на Законот за здравствена заштита. Овој факт го демантира тврдењето на ВМРО ДПМНЕ дека имаат проблем само со промена на Деловникот“, изјави денеска Мартин Костовски од СДСМ.

Од СДСМ утринава соопштија дека срамно и неодговорно е однесувањето на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, за блокирање на работата на законодавниот дом, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, додека бојни категории граѓани, претпријатија, чекаат носење на важни закони за да добијат помош од државата.

„Со поднесување на стотици, илјадници апсурдни амандмани на измените на Деловникот и на повеќе закони опозицијата првенствено им нанесува штета на граѓаните, бидејќи во Собранието треба да се донесат законски решенија за да им се помогне на пензионерите, на самохраните родители, на социјално ранливите категории, на невработените, но и на компаниите и на здравствениот систем. Несериозно е да се поднесат 3.000 амандмани на измена на неколку членови на Деловникот, со кои треба да се обезбеди функционално собрание, со учество на далечина на пратениците кои се во изолација, или да се блокира носење на Законот за здравствена заштита со 500-600 амандмани“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека опозицијата во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса, со амандманите како покажување бојадисано јајце, или неносење автомеханичарски ознаки кога пратениците учествуваат во работата на законодавниот дом на далечина, си поигруваат со чувствата на граѓаните и го газат достоинството на Собранието.

„Кога има револт на опозицијата на одредени измени, во овој случај на Деловникот на Собранието, наместо преку дијалог со консензус, туку на еден насилен начин без консултации со опозицијата надвор од процесот Жан Моне кој што е воспоставен од европските институции за промена на Деловникот, ние гледаме насилно настапување. Поради тоа наша обврска како опозиција не е немо да седиме на страна и гледаме што се случува, туку да дејствуваме и да реагираме“, истакна Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ при гостување на утринска емисија на телевизија Алфа.

Муцунски додаде дека опозицијата нема да биде сведок во Собранието додека парламентарното мнозинство го крши Деловникот за работа во парламентот. Опозицијата нема да дозволи власта насилно да турка процеси кои што ќе наштетат на Република Македонија.

„Местото на пратениците е во Собранието. Како што можат многу наши чесни сограѓани да работат во индустриски објекти, во канцелариски објекти, на разни места низ државата, ние како пратеници со сите обезбедени протоколи и услови кои што ги има во Собранието. Верувајте ми во ниту еден момент како пратеник не сум се почувствувал во зградата на Собранието дека сум во некој ризик од заболување“, нагласи Муцунски.

Опозицијата со 3.000 амандмани ги блокираше измените на деловникот на Собрание, со кои би се овозможило седниците да се одржуваат онлајн. Најмногу реакции на социјалните мрежи предизвикаа амандманите поднесени од пратениците на Левица кои бараат пратениците да имаат пред себе велигденските јајца за време на христијанскиот празник Велигден, при онлајн седницата.

Со измените на Деловникот, Талат Џафери предлага можност заразените пратеници со коронавирус, како и оние кои добиле решенија за изолација поради контакт со заболен, а се негативни на ковид-19, да може да се приклучат електронски и да учествуваат во работата на Собранието од дома, дури им траат решенијата за изолација. За други болести измените на Деловникот забрануваа онлајн вклучување при отсуство.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ