Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов се вклучи во интервјуто со премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Тој изјави дека Бугарија не ставила вето туку ги поставила своите критериуми за одредување на преговарачката рамка. „Ние очекувавме дека одредбите од Договорот од 2017 ќе бидат остварени, но тоа не се случи и Северна Македонија го одолговлекуваше нивното спроведување. Во Македонија за два месеци има 15.000 негативни статии за Бугарија“ и дека се шири големо антибугарско чувство.
Каракачанов се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите и укажа дека таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца.
-Бугарската власт и бугарскиот цар биле сојузници на Германија и на Хитлер. Тоа е историски факт. Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти. Јас сум одел во Ваташа три пати. Првиот пат во 94 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа од вашите колеги. Случки како Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија каде бугарската полиција убива 12-13 деца и ги убива не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна.
Во однос на спинот за поддршката од Холандија и Данска за поддршка на бугарското вето, тој изјави дека „не чул таква информација.
Каракачанов потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо заедничко со историското ВМРО и не треба да се нарекува како негов наследник, и дека Мицкоски не треба „хистерично“ да се повикува на АСНОМ.












