• Latest

ЕУ си дава капацитет да ги казни кршењата на човековите права низ целиот свет

December 8, 2020

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ си дава капацитет да ги казни кршењата на човековите права низ целиот свет

December 8, 2020 11:41
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија во понеделникот на 7 декември си даде капацитет да ги казнува сторителите на „сериозни повреди на човековите права“ каде било во светот, но одлуките ќе треба да бидат донесени едногласно од земјите-членки, јави дописникот на МИА.

Министрите за надворешни работи во понеделникот го одобрија „Акциониот план на Европската унија за човекови права и демократија“ и оваа нова рамка на санкции, на пример, може да се користи во случаи на тортура, ропство или систематско сексуално насилство. Но, овие мора да бидат „сериозни повреди“ и оваа одлука е оставена на проценка на земјите-членки.

Одговорните ќе бидат казнети со забрани за влез во ЕУ и замрзнување на нивните средства во Европа, како и со сите режими на санкција во ЕУ. Рамката за санкции против виновните за кршење на човековите права е со глобален обем. Луѓето или субјектите прогласени за виновни за сериозни повреди на човековите права можат да бидат гонети и казнети каде и да се наоѓаат во светот.

Во моментов, ЕУ има режими на санкции за секоја земја, како што се оние за Белорусија или Русија, и три специфични режими за санкционирање за употребата на хемиско оружје, сајбер напади и тероризам. Осум блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин, обвинети од ЕУ за вмешаност во труењето во Русија на рускиот противник Алексеј Навални, беа санкционирани на 15 октомври во рамките на режимот за хемиско оружје. Нивните имиња се ставени на список во кој има и Сиријци виновни за истите дела.

Режимот на човекови права е нов специфичен режим. Но, земјите-членки ги ограничија првичните амбиции на Комисијата и шефот на европската дипломатија Жосеп Борел. Особено беше одбиено откажувањето од правилото за едногласност, кое го бранеше претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за да го олесни и забрза донесувањето на одлуките.

-Правилото што преовладуваше неколку години во врска со усвојувањето на санкциите беше практика на едногласност. Нема промена од оваа практика, објаснија претставниците на земјите-членки.

Новиот режим „не е копија од законот Магнитски“, (акт на Магнитски донесен во 2012 година во САД за борба против неказнивоста на меѓународно ниво) и идејата да му се даде името на противникот Русинот Алексеј Навални, предложен од Жозеп Борел пред Европскиот парламент, беше одбиен.

-Се надеваме дека овој нов режим може во иднина да се прошири и на акти на корупција како што е „Глобалниот акт Магнитски“, рече литванскиот министер Линас Линкевичиус.

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, смета дека усвојувањето на новиот режим на санкции може да се смета за „предупредување“ за Турција во изјавата пред почетокот на состанокот. Неговиот германски колега Хајко Маас (СПД) ја поздрави оваа иницијатива: „оние кои мачат или се одговорни за трговија со луѓе не ќе можат повеќе да купуваат во Европа без да се грижат за иднината“. Новата рамка за санкции на ЕУ важи три години и потоа таа треба да се продолжи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ